„Sport Life” во посета на лицата со попреченост и детскиот дом „11 Октомври“ во Скопје

Од:

„Sport Life“ продолжува со своите активности како општествено одговорна компанија. По повод новогодишните и божикните празници беа посетени и донирани новогодишни пакетчиња во ЈУ Детски дом „11 Октомври“ – Скопје, во ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа, Куманово и во Здружение регионален центар за лица со интелектуална попреченост „Порака наша“, Куманово.

„Посетата на јавните установи во кои се згрижени деца и лица од ранливите категории и донациите за истите, сакаме да прераснат во традиција. Имено, и минатата и оваа година, имавме можност да донираме новогодишни пакетчиња, да ја споделиме празничната атмосфера и да ги пренесеме најубавите желби за Новата година. Се надеваме дека заедно со нашиот тим од Sport Life ќе поттикнеме поголемо внимание и грижа за нив. За нас секоја нивна насмевка е скапоцена.“ – истакнува Петар Поцков, маретинг директор на „Sport Life“.

Секое внимание и поддршка за лицата со посебни потреби како и за децата во згрижувачките центри и домови е од огромна важност за нив.

Тие се дел од најранливите групи во општеството и остануваат во фокусот на општествената одговорност на „Sport Life”.

ПР Текст

Би можело да ве интересира

Новогодишни пакетчиња од Спорт Лајф за децата од ранливите категории и за лицата со посебни потреби

A1on

Новогодишни пакетчиња од SPORT LIFE

Ана Ололовска

Над 700.000 денари од акцијата на Sport Life за помош на Центарот за деца со аутизам во Охрид

Ана Ололовска

Комплетно реновирано спортското игралиште на ОУ „Кочо Рацин“ – донација на Sport Life

Ана Ололовска

Најдобриот во Sport Life добива стан! Започна Типстер купот 2019/2020

Ана Ололовска

Двајца „мајстори“ со два тикети од 20 денари му лапнаа 2,7 милиони на „Sport Life“!

Ана Ололовска