ВИДЕО: Споменик на Адем Јашари на тенк на АРМ во скопско Радуша

Од:

И Адем Јашари,  еден од основачите на ОВК, доби свој споменик.

Споменикот на Јашари ,  излиен од бронза , поставен  на тенк кој е во сопственост на Армијата на Република Македонија, запленет во борбите во конфликтната 2001, беше поставен вчера во доцните попладневни часови, во скопско Радуша.

Јашари има пушка околу вратот, пиштол на половината  а во десната рака на која Јашари, наместо пет има шест прсти држи артилериско оружје.

На поставувањето на споменикот присуствуваше   врвот  на ДУИ,  вицепремиерот  Муса Џафери и заменици-министри.

„Не видов споменикот врз што е поставен, но видов дека е многу убав споменик и му честитам на иницијативниот одбор што го поставија споменикот и се надевам дека ќе го добие заслуженото внимание од граѓаните“  изјави Артан Груби, шефот  на Кабинет и еден од најблиските луѓе на претседателот на ДУИ Али Ахмети.

Според Груби наместо на постамент, поставувањето на споменикот  врз тенк на АРМ, запленет во 2001,било  во духот на соживотот.

За дел од политичките партии ова е чин на провокација, која ги нарушува и загрозува меѓуетничките оноси.

Би можело да ве интересира

Петмина ќе одговараат за перење пари за спомениците за Скопје 2014

Орце Костов

Тодоровиќ потпишувал и група од 15 лица переле пари преку Италија – со Воинот на коњ, лавовите проневериле над 16 милиони евра

Анита Петровска Рајковиќ

Уништени таблите на кои пишуваше дека Филип и Аминта се Хелени

Искра Манојлоска

Меѓународен ден на спомениците и локалитети – 18 Април

Ана Ололовска

Хрватски новинар: Скопје е џунгла – раскопани улици, некултурни таксисти, блокиран сообраќај, распаднати болници и училишта

Кристијан Ландов

Ќе се засилуваат инспекциите и надзорот на спомениците на плоштад