Па добро дали навистина некој постои во државава во вака ситни саати да проба малку да направи мозочна гимнастика и разгледа и прочита што се ни се сервира од страна на оваа моментална деструктивна власт?
Размислував и навистина сакам да го покажам и дадам својот придонес во борбата на интелектуалното јадро во најбитниот сектор во нашава држава-здравството.
Дали навистина постои пилот во авионо, авионот кој што го движи здравството, авионот кој мисли на иднината на овој народ и потомството кое се создава, навистина мислам дека пилот во овој авион ниту има ниту ќе има.
Место да се пропагира бесплатно здравство, нам ни се пропагираат дури и нови даноци за ДЕБЕЛИНА во здравството, па добро господин министре дали вие убаво навечер легнувате или размислувате како да го натоварите и онока уништениот македонски народ? Сите овие изјави дали убаво ги размислувате или измислувате? Жалосно е вие во еден период кога нашиот народ преживува, кога со 40 денари го поминува денот и се храни нездраво вие да го ставате тоа како точка за разгледување и ново теретење на овој напатен народ!
Но, јас ќе морам да се навратам на нешто есенцијално битно во целава ситуација од која сакате да избегате и да не кажам, а ќе повторам сите закони ви паѓаат па и овој ќе ви падне . Законот за специјализации, почитуван министре, вие сте тој кој ќе го носи товарот и епитетот на бркач на стручната фела од државата, Вие министре ќе бидете човекот кој покрај икс смешни нешта кои ги донесовте во здравството ќе бидете пак тој со кого народот се смее , навистина преседан врз преседан , сега сакате и онака малку лекари кои сакат да се едуцираат и стекнат со нови знаења да ги натерате да се отстранат самите себеси поради деградацискиот момент да бидат заморчиња?
Министре НЕ на снимањето на нашите испити, не сме глумци, лекари сме, лекуваме, не глумиме .
Министре НЕ на дискриминацијата по болести и трудничко и ние сме човечки суштества не сме кунг фу панди, па и тие се живи суштества.
Министре НЕ на бесплатни дежурства, а работата е на исто можеби и повисоко ниво поради ноќта. Барем да касневме нешто се исцрпуваме.
Министре НЕ на меници и обврзувачки договори како да сме наемници , деградација, доколку некогаш создадете позитивни услови никој нема да сака да си оди од општественото здравство, но вие тендециозно го уништувате тоа.
Министре НЕ на уште многу штетни нешта кои вие сам ги донесовте без да сакате да погледнете зад себе и да се исконсултирате со нас како фела како луѓе кои работаат се борат и спасуваат животи.
За вас претставуваме НУЛА но сфатете вие никогаш нема да можете да сте лекар секогаш ќе сте под тоа ниво освен ако не си препишете титула кој би ја веруфикувал и онака истоштениот и навреден авторитет, како што е Медицинскиот факултет на кој му го одзедовте дигнитетот и автономијата за жал и разочарување, ама навистина болно.
Колеги дајте заедно сплотено да се издигнеме за достоинството, да создадеме цврстина и солидарност да се здружиме и кажеме НЕ на оваквиот однос кон нас. Благодарам што и многу големи Клинички институции дадоа подршка, но сепак само сплотени можеме да го победиме оваа дискриминирачко и потценувачко зло. Да истапиме на тој ден и смело да се спротиставиме на ова што не деградира и толчи, имаме ние сила за да го победиме и ова зло како што знаеме и смртта да ја победиме.
А Вие министре гледајте и учете што значи да си лекар и да знаете некогаш да спасите живот, тоа задоволство да го почуствувате не ќе сте толку деструктивно насторени кон најхуманото и најблагородното нешто на планетава ЛЕКАРСКАТА ФЕЛА!
Д-р. Ангелчо Андоновски