СПЦ му се заканува со раскол на Фанар ако МПЦ-ОА биде признаена

Од:

Српската православна црква, преку викарот на патријархот Порфириј, епископот моравички Антониј, се закани дека е можен раскол со Вселенската патријаршија ако биде признаена автокефалноста на МПЦ-ОА.

Константинополскиот патријарх Вартоломеј во Украина направи преседан, кој, во случај да биде повторен на Балканскиот полуостров, може да доведе до прекин на евхаристиското општење на СПЦ со Фанар, кажал епископот Антониј на меѓународната богословска конференција во Киево-печерската лавра „Соборноста на црквата: богословски, канонски и историски измеренија“, соопшти на својата фејсбук страница Центарот за информации на Московската патријаршија во Украина.

– Доколку бидат донесени какви било решенија по прашањето на Македонија и Црна Гора, може во најбрзо време да се очекува таква несреќна појава, која може да го наруши евхаристиското општење меѓу Константинопол и Српската црква, рекол епископот Антониј.

Игнорирајќи го фактот дека и СПЦ и РПЦ имаат добиено автокефалија од истата Вселенска патријаршија, српскиот епископ го фокусирал своето излагање околу темата дека „Вартоломеј не е папа и нема власт над Црквата и нема полномоштво да доделува автокефалија на ниту една од структурите на помесните цркви“.

СПЦ е во повеќедецениски спор со МПЦ-ОА, оспорувајќи ја нејзината афтокефалност. Разговорите што повремено се водат не доведоа до позитивен исход, поради што МПЦ-ОА за решавање на својот статус се обрати до Фанар и вселенскиот патријарх Вартоломеј.

Би можело да ве интересира

Владиката Тимотеј за рускиот свештеник: Ние немаме информации дека бил шпион

Орце Костов

„Работи во Софија, а патува до Скопје за да внесе раскол во МПЦ“: Кој е рускиот свештеник Змеев кој доби забрана за влез во Македонија

Орце Костов

Расчинет свештеник крстел и венчавал со „благослов“ од г.г. Стефан: Венчаните се невенчани, крстените некрстени

Орце Костов

(ВИДЕО) Академик Ќулавкова: Се загрозуваат правата на жената

Горан Наумовски

Г.г Стефан: Собрани сме да им кажеме ДА на животот и на светоста на семејството оформено од еден маж и една жена

(ВИДЕО) Поглаварот Стефан: Жената ја изедначуваат со мажи кои никогаш нема да бидат жени

Горан Наумовски