Спасовски: Закажување седница на Влада за пасошите не е проблем, разгледуваме две можни решенија

Од:

Владата разгледува две можни решенија за надминување на пасошката криза, односно „Веридос“ што е можно побрзо да ги испорача обрасцирте за пасоши или да се продолжи важноста за што пречка е текстот на Законот за патни исправи кој ја утврдува важноста на патните исправи. Техничкиот премиер Оливер Спасовски вели дека не е проблем да се закаже сединца на Влада за пасошите откако вчера техничкиот министер за внатрешни работи јавно го повика да свика седница на која ќе се бара решение на проблемот.

„Имаме две можни решенија, едното е во разговор со фирмата којашто е добавувач да го направи тоа што е можно побрзо и на начин на кој ќе може да допринесе целата оваа работа да се преброди во целиот овој период. Тоа мора да биде заедно проследено и со менаџирање на состојбите внатре за да може тоа да биде распоредено. Втората работа, воопшто не е проблем свикување седница на Влада, ние имавме седница и разговаравме. Проблемот е што Законот за патни исправи утврдува колку е важноста на патните исправи и секоја одлука на Владата не може да го промени законскоиот текст и тука е клучната анализа којашто ние ја правиме. Инаку направени се консултации со клучните партнери и од овој процес јас очекувам дека ќе се изнајде некое решение коешто ќе помогне во целата оваа ситуација меѓутоа менаџментот е број еден во целиот овој процес“, рече премиерот Спасовски.

Денес МВР информираше дека седумдесет и седум барања за пасоши биле разгледани на првиот состанок на Комисијата во Министерството за внатрешни работи завчера, формирана од техничкиот министер Наќе Чулев, за решавање на проблемот со недостиг на обрасци за пасоши, а од нив треба да се одлучи кои ги исполнуваат критериумите за да бидат процесуирани по итна постапка.

Комисијата е едно од привремените решенија за менаџирање на останатите 4900 обрасци за пасоши. Новата пратка од 100 илјади обрасци од „Веридос“ министерот Чулев ја најави за 24 март или десетина дена порано.

Тој предложи Владата да усвои методологија со која со печат и со испраќање нота до државите во светот ќе се пролонгира важењето на пасошите се до моментот на пристигнување на нови патни исправи, а премиерот Спасовски побара Чулев предлогот официјално да го достави до Владата.

Би можело да ве интересира

МВР апелира до родителите и јавноста: Препознајте ја опасноста од групата „764“ – заштитете ги децата

(ВИДЕО) Мециновиќ: Имаме влада крвник на сопствениот народ, три години не ја зголемува минималната плата и ја штити олигархијата

(ФОТО) Левица: Полициско насилство врз малолетници во Охрид – Tошковски молчи

А1он

Две верзии за целта на планираниот атентат во Грција: Ирански дисидент или израелски државјанин

Горан Наумовски

(ФОТО) Ја давеше, ја газеше по нозете, ја влечеше по асфалт и ја остави на сред улица – уапсен е син на инспектор во УЈП

А1он

МВР во 2026 сè уште работи со тефтери, Тошковски најавува дигитализација за три до четири месеци