Спасовски: За секоја „бомба“ мора да се постапи без оглед за кого се работи

Од:

Премиерот Оливер Спасовски изјави дека не ја слушнал најновата „бомба“ која денеска беше објавена од разговор меѓу Христијан Мицкоски и Зоран Милески-Кичеец, но дека за секоја таква објава треба да има постапување од институциите без оглед за кого се работи.

– Секоја состојба којашто има какви било индиции, има институции, има обвинителство, нека покренат постапки, нека ги повикуваат на разговори. Гледам, секој ден имаме докази. И денес слушнав за некоја од тие „бомби“ за финансирање кампањи за опозициски политички партии. Мора да има постапување, без разлика за кого тоа се однесува, рече Спасовски по увидот на градежните работи за спортска училишна сала во ОУ „Вера Јоциќ“ во Хиподром.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Македонскиот идентитет за мене не е само кујната туку и македонските револуционери Делчев, Груев и Сандански

Мицкоски: Не прифаќаме уцени кои не оддалечуваат од европските вредности

Катерина Ѓуровски

Западен Балкан веќе не е чекалница и одбива да биде оставен назад, порача Мицкоски од Самитот во Скопје

Катерина Ѓуровски

Мицкоски по средбата со Кос: Ја истакнав определбата на Владата за интеграција во ЕУ, достоинствено

А1он

Мицкоски: Судот утврди дека Славјанка Петровска ширела лаги и клевети против мене

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Јанчева: Мицкоски не смее да му писне на Меџити за 200 дивоградби