Мицкоски: Судот утврди дека Славјанка Петровска ширела лаги и клевети против мене

Од:

Уште една потврда дека на лагата ѝ се кратки нозете. Граѓанскиот суд во Скопје донесе правосилна пресуда со која се утврдува дека поранешната министерка и сегашна пратеничка од СДСМ, Славјанка Петровска, јавно ширела лаги и клевети против мене. Судот ѝ наложи не само да ми се извини, туку и да ја објави пресудата во медиумите, затоа што вистината мора да излезе на виделина, напиша на својот Фејсбук профил премиерот Христијан Мицкоски.

„Очигледно, лажењето како синдром на политичката култура и однесувањето на функционерите на СДСМ не престанува да биде нивен заштитен знак. Со оваа пресуда се потврдува не само дека лажат, туку и дека не се промениле. Продолжуваат да го потценуваат народот, верувајќи дека со клевети и манипулации ќе фрлат дамка врз мојата работа, и дека народот ќе се разочара. Но нашиот народ е мудар. Има искуство со политичари како овие од СДСМ, чии кариери се изградени врз измами, несовесност и недостиг на одговорност. Ова не е моја лична битка, ова е битка за принципи, за вистината, за достоинството на секој поединец кој не дозволува неказнето да му се лепат лаги. Продолжуваме посветено, чесно и со крената глава. Лагите ќе паднат. Вистината победува, вели Мицкоски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: Мицкоски ќе се жали во НАТО за Ива, а молчи за Груевски и не бара екстрадиција

Мицкоски: Филипче е во состојба да продаде се само за да стигне до фотелја

А1он

Цената на струјата останува иста до крајот на годината

(ВИДЕО) Мицкоски: Направен е упад и киднапирано е лице кое е бегалец од правдата, ова нема вака да заврши

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Михаилова е нелегално пренесена во Бугарија, кога-тогаш таа и татко ѝ ќе одговараат