Спасовски во Тетово: Безбедносната состојба на подрачјето на СВР Тетово е стабилна

Од:

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска беше во работна посета на Секторот за внатрешни работи Тетово, каде што се сретна со раководството на оваа организациона единица при МВР, како и со претставници на локалната власт на чело со градоначалникот Теута Арифи.

На средба во СВР Тетово, министерот Спасовски беше информиран за безбедносната состојба на подрачјето на овој сектор за внатрешни работи, при што е констатирано дека таа е стабилна, а се разговараше и за активностите во насока на поквалитетно и поефикасно функционирање на СВР Тетово.

Притоа, како што по средбата изјави и министерот Спасовски, клучен принцип во работата треба да биде максималното почитување на професионалните стандарди и сигурноста на граѓаните. Во таа насока, како што посочи Спасовски, потребна е поинтензивна и поблиска комуникација на полицијата со локалните власти, пред се преку поактивно дејствување на локалните совети за превенција, а се со цел подигање на безбедносните и превентивните стандарди на повисоко ниво.

Министерот Спасовски ја посети и Полициската станица Гостивар, а се сретна и со градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари