Спасовски: Судството е поклопено од ВМРО ДПМНЕ и е партизирано до крај

Од:

По поднесувањето на кривичната пријава против Никола Груевски, генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски одговараше на новинарски прашања.

Новинар: Очекувате од Обвинителството да постапува како што треба со оглед на тоа какви информации беа изнесени на вашите прес конференции каде што меѓу другите беше споменато …?

Спасовски: Во Македонија правниот систем е сериозно нарушен, се покажа и од материјалите коишто ги објавувавме дека не може да има верба во институциите на системот бидејќи се под директна партиска контрола. Ние се уште сметаме дека треба да се одважат јавните обвинители во Р.Македонија и дел од судиите за да застанат на страната на правдата на страната на граѓаните. Тоа е една од последните шанси за ова наше општество во Македонија, иако реков дека до крај е партизирано и поклопено од власта на Никола Груевски.

Новинар: Премиерот повторно рече дека станува збор за странски служби?

Спасовски: Нашиот став е познат во однос на ова прашање, материјалите коишто сме ги добиле се од луѓе патриоти кои и мислат добро на Република Македонија. Како и на кој начин смета Груевски да се правда во јавноста, тоа е негов проблем. Ние она што го имаме и што треба јавноста да го дознае, го објавуваме и јавноста ќе го дознае.

Новинар: Верувате ли во објективноста на судството?

Спасовски:  Реков на почетокот, судството е поклопено од ВМРО ДПМНЕ и е партизирано до крај. Не очекуваме да направат некој чекор напред кон професионализмот, меѓутоа сепак да се надеваме  на совеста кај луѓето кои седат во судството и Обвинителството да проработи и да се одважат и да донесат одлука што ќе биде во корист на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

СДСМ: „Буџетот не е во најдобра состојба“ – оваа изјава на Божиновска е доказ дека фалат 2 милијарди евра

А1он

СДСМ: За да се впушти во борба против криминалот и корупцијата Мицкоски треба да се уапси самиот себе

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Пет тони дрога поминале низ Македонија, кој ќе одговара за картелскиот скандал?

СДСМ: Скандал со повлекувањето на Кедев, дали Жан излезе со клевети за Филипче за да се спаси

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Платите на работниците треба да се покачат сега, а не за две години

Предраг Петровиќ

СДСМ: Затворањето на пост мониторингот не е успех на Мицкоски

А1он