(ВИДЕО) Спасовски: Одговорноста за изборниот процес сега е во рацете и на власта и опозицијата

Од:

Спасовски експозе: Оваа Влада е со цел спроведување избори кои се резултат на политички договор.И во ова време кое ни претстои треба да организираме фер и демократски избори. Силен предизвик да ја предводам оваа влада, која ќе обезбеди континуетет во работата, НАТО и ЕУ интеграциите. Денес имаме држава која набрзо ќе застане рамо до рамо со членките на НАТО. Ни претстои и пат кон ЕУ, за завршување на реформите, но важен чекор пред прагот на ЕУ, е организирањето на фер избори. Ова е голем предизвик и се надевам дека оваа влада успешно ќе се соочи со него. Мандатите на министрите во МВР и Труд и социјала до завршувањето на изборниот процес.

Ве уверувам дека како Влада ќе ги преземеме сите неопходни мерки, ќе имаме конекција со сите релевантни институции за организација на предвремени парламентарни избори.
Апелирам до опозицијата, да се одважи и да биде дел овој процес, да се тргнат сите флоскули на политиканство и да испорачаме резултати кои не смеат да бидат ни милиметар помалку од успешен изборен циклус.
Порачувам дека не треба да има застој на работата на Владата и министерствата. Оваа Влада ќе ја има таа чест да го верификува членството во НАТО, а со тоа ќе го исполниме 20 годишнот стремеж на државата за дел од Алијансата. Реформите за влез во ЕУ мора да продолжат, да работиме заеднички кон таа стратешка цел. Исто така и реформите во првосудството, да се справиме со криминалот, корупцијата. Сите обврски ќе се реализираат во рамките на транспарентна и одговорна и отчетна влада. Ве уверувам дека како прв човек ќе ги вложам сите свои капацитети и знаења преодната влада да биде на ново на задачата и да го исполни сето она што го започна Владата на Зоран Заев.

 

Габриела Димковиќ-Мишевска

Би можело да ве интересира

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Незрел маневер, реагира Владата на ултиматумот од Филипче

Филипче: Власта да се откаже од укинување техничка Влада или СДСМ ќе се повлече од работата за Изборниот закон

Катерина Ѓуровски

Законските измени за укинување на техничката влада пред собраниската Комисија за политички систем

(ВИДЕО) Филипче: Власта шверцерски сака да ја укине техничката влада

Горан Наумовски

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски