Спасовски: Немаше приведување, туку легитимирање

Од:

„Во врска со објавите на социјалните медиуми за приведување на лица кои протестирале денеска, сакам да инфoрмирам дека немаше случај на приведување. Лицата биле легитимирани. Истовремено сакам да ве информирам дека ќе бидат проверени сите информации за евентуална употреба на сила врз граѓаните кои протестирале. Детално ќе се испита случајот и ќе има соодветна информација за јавноста“, напиша министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, на Фејсбук по реакциите во јавноста околу веста дека четворица членови на Левица биле приведени од полиција бидејќи протестирале против американската војска.

„Очекувам одговорност за полицискиот службеник кој неосновано примени сила, како и на тој кој ја издаде наредбата за разбивање на групата. Доколку тоа не биде исход на истрагата на СВКПС, тогаш можеме да бараме политичка одговорност.

Секое друго извртување на фактите и насочување на вниманието на јавноста во погрешен правец пред да бидат готови резултатите од интерната истрага укажува на елементарно непознавање на полициските прописи или на свесно популистичко дејствување од страна на вонпарламентарна партија која се бори за парче публицитет. Најискрено, не знам што е полошо“, реагираше пратеникот Павле Богоевски исто така преку својот Фејсбук-профил.

Инаку, претходно партијата Левица извести дека полицијата потпомогната од АРМ насилно ги задржала демонстрантите и ги спречила слободно да се движат, откако претходно во центарот беше најавна презентација на воена опрема на САД и на АРМ. Демонстрантите кај ГТЦ сакале да истакнат транспарент „Против војната за профити!”.

Би можело да ве интересира

Левица: Наместо да ја решaва кризата, Трипуновски ги напа​​​​​​ѓа земјоделците што протестираат

Горан Наумовски

Мециновиќ: Енергетската заедница ќе го оспори назначувањето на Ацо Ристов за претседател на РКЕ

А1он

(ВИДЕО) Исмаил: Одбиен предлогот на Левица да не се гине за туѓи војни

Левица: Стратешки дијалог или колонизација – свитата на Муцунски на тацна ги дава македонските ресурси на САД

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство