Спасовски: Нема ризик од конкретен терористички акт во Северна Македонија

Од:

Северна Македонија и Европската Комисија денеска во Брисел потпишаа заеднички акциски план во делот на борбата против тероризмот.

Иако нашата земја не се соочува со конкретен ризик од терористички акт, вели министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, предизвикот лежи во нејзината стратешка положба.

-Овој договор е имплементација на низа мерки кои што ќе значат ефикасност во справувањето со тероризмот, со размената на информации и една заедничка политика која што ќе значи вистинска борба против тероризмот и во овој регион и во Европа, изјави министерот за внатрешни работи.

Спасовски додаде дека “секоја од државите треба да преземе низа мерки кои што ќе значат не само конкретна активност во делот на терористички акт, затоа што немаме таква состојба“

-Но имајќи предвид дека се наоѓаме на една исклучително важна стратешка позиција, стојат пред нас и предизвици, а еден од нив е тероризмот, изјави попладнево министерот Спасовски на прес конференцијата со еврокомесарот за миграција, Димитрис Аврамопулос, со кого го потпишаа акцискиот план.

Конкретно, акцискиот план потпишан денеска помеѓу Европската Комисија од една страна и Северна Македонија и Албанија од друга, предвидува серија мерки со цел спречување на насилниот екстремизам и тероризмот. Освен зацврстувањето на домашните институционални капацитети, од двете земји се очекува, меѓу другото, да преземаат проактивни мерки на толерантност за да се спречи насилната радикализација, посебно кај младите, и ризикот тие да заминат на воени жаришта на Блискиот Исток, на пример.

Паралелно со образовните и социјалните мерки, од Северна Македонија Брисел очекува да го подобри нејзиниот капацитет во делот на размената на информации, поефикасно да се бори против перењето пари и да спречи финансирање на тероризмот.

Албанија и Северна Македонија добија посебни приоритетни области во кои се очекува од нив засилен напор.

За Северна Македонија станува збор за зацврстувањето на против-терористичките структури и стратегии, вклучително и подобра проценка на заканите. Потоа, удвојување на напорите за спречување на насилниот екстремизам “преку мултиагенциски пристап на локално ниво како и справување со предизвиците од враќањето на странските борци и нивните семејства“. Трет приоритет за земјата е да етаблира национална проценка на заканата од перење пари и подобрување на врската помеѓу финансиското разузнавање и Обвинителството.

Еврокомесарот за миграција, Димитрис Аврамопулос порача дека Европската комисија е тука да ја поддржи земјата во спроведувањето на мерките и упати “итен повик“ до властите во Северна Македонија “да нѐ информираат каде е потребна дополнителна поддршка“, изјави тој попладнево.

Би можело да ве интересира

Две затворски казни од пет години и парична од 300.000 денари за фирма за предизвикан пожар над велешко езеро „Младост“ во август 2019

Крадел од пациенти на Онкологија, Обвинителството поведе постапка

Мицкоски: Времето кога парите завршуваа во приватни џебови е минато, денес секој денар се гледа на терен, во нова улица, нов натпатник, продолжуваме да градиме

Повеќе од 20 пожари на отворен простор, кај Готен се дејствува со „пинц гауери“ и ер трактори

Професор Станковиќ : Потребна ни е поголема синергија меѓу универзитетите, стопанството и државната администрација.

Предраг Петровиќ

ГРОМ: Советниците на ВМРО-ДПМНЕ одбија да гласаат за нова градинка, две спортски сали и реконструкција на улици – дури и кога проектите ги одобри нивната Влада