Спасовски на средба со млади: Грантови до 15.000 евра за отворање своја фирма, отвораме шанси за европска иднина дома

Од:

Носителот на кандидатската листа за пратеници во изборната единица 2, Оливер Спасовски имаше средби со млади во општината Бутел.

На средбите се разговараше за проектите и мерките коишто се досега преземени и ќе се преземат во новиот четиригодишен мандат, за перспективна, сигурна иднина на младите, по европски стандарди, дома.

„СДСМ со коалицијата Можеме креира нова развојна економија којашто ќе се базира на нови технологии, одржливост и човечкиот капитал. Тоа е модел што ќе ги штити работните места и ќе овозможува повисоки плати“, рече Спасовски.

Тоа најави некои од мерките во Програмата што се однесуваат за поддршка на младите.

„Ќе има директна поддршка на младинското и женското претприемништво, преку грантови во висина од 5.000 до 15.000 евра.

Исто така, обезбедуваме поврат на персонален данок за сите нововработени млади до 29 години во првите две години од работењето. Парите одат директно на сметките на младите.

Продолжува и мерката за 3.000 денари месечен младински додаток во производството за вработени млади лица до 23 години со завршено најмалку средно образование“, посочи Спасовски на синокешните средби во општината Бутел.

Тој посочи дека целта е мотивација на младите да учат, работат и живеат во својата земја и затоа поддршката на коалицијата Можеме на 15.јули е глас за таа шанса. Тој направи разлика со времето на ВМРО-ДПМНЕ кога режимот ги крадеше парите на граѓаните и со бесперспективноста ги бркаа младите од државата.

Денес, наведе Спасовски, нашата држава ги отвора преговорите со ЕУ, што значи реални можности за повисоки плати и нови работни места, како и за европски институции што работат по европски стандарди.

Би можело да ве интересира

СДСМ: По седум градови, Лепенец и Вардар – сега Рич и Белотино со загадена вода

СДСМ: Кој гарантира и кој потпиша дека водата во Гостивар е технички чиста?

СДСМ: Да се повлече законот за „Скопје 2028“, со него се легализира корупција и се заобиколуваат јавните набавки

Катерина Ѓуровски

Прескокнувањето системски закони е аларм за корупицја – Антикорупциска реагира за Законот за „Скопје 2028“

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Клековски денес призна и за жолтица во Гостивар– време е кривично да одговара

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Сè уште нема документ за водата во Гостивар а нови градови се со отровна вода