Совет за етика во медиумите: Зачестени случаите на злоупотреба на медиуми

Од:

Советот за етика во медиумите (СЕММ) со реагира на зачестените случаи на злоупотреба на одредени медиуми, особено, како што велат, во контекст на сегашната политичка ситуација, за ширење шпекулации, пропагандизам и невистини, кои би можеле да ги засилат тензиите и да доведат до потенцијални немири во општеството.

– На ваквите примери Советот реагира веќе подолго време, но во последниве неколку дена тие се зачестени до загрижувачки нивоа. Особено загрижувачки е начинот на информирање на медиумите во кои што се забележуваат новинарски извештаи со еднострано информирање и информации што ги подгреваат стравувањата за можни немири во општеството, содржејќи повици за мобилизација на граѓаните во служба на одбрана на интересите на определени политички партии, велат од СЕММ.

Потсетуваат дека медиумите не смеат да бидат злоупотребени за пренесување повици за обединување поединци и групи за радикално однесување и постапки кои го загрозуваат јавниот ред и мир во општеството, а особено на член 10 од Кодексот кој вели дека „новинарот нема да поттикнува на насилство и дискриминација по која било основа“.

– Медиумите мора да го почитуваат Етичкиот кодекс, бидејќи во спротивно последиците од непридржувањето кон неговите одредби би можеле да бидат фатални. Медиумите имаат особено важна улога во заштитата на граѓаните од појавата на нетолеранција и недоверба и нивна изложеност на ризик од насилство. Истовремено, повикуваме на реакција и од другите институции, вклучувајќи ја Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Јавното обвинителство во осудата на ваквиот хушкачки и потпалувачки говор, како и во преземање на неопходните мерки во согласност со законската рамка, потенцираат од Советот за етика во медиумите.

Од СЕММ посочуваат дека продолжуваат да го набљудуваат начинот на информирање на медиумите, како на оние кои се дел од членството, така и на оние кои се уште не се негови членки и оти ќе повикуваат на доследно почитување на Кодексот на новинарите како предуслов за припадност на ова, како што нагласуваат, наше, заедничко, професионално тело за саморегулација во медиумите.

Би можело да ве интересира

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

Орце Костов

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

Главна цел на измените на Законот за медиуми треба да биде законската регулација на интернет порталите

Ковачевски: Им се извинувам на медиумите, не сакам да се им се случи она што се случуваше до 2016

Орце Костов

Истражување: Над половина медиумски работници имаат потпросечни плати, во онлајн-медиумите секој трет е пријавен со полно работно време

ВМРО ДПМНЕ ќе предложи амандман за ослободување од социјално и здравствено осигурување на медиумските работници

Катерина Ѓуровски