Советот за етика на медиумите го осуди нападот на новинарот на Телма

Од:

Советот за етика на медиумите на Македонија (СЕММ) го осуди физичкиот напад врз новинарот на „Телма“ Павле Беловски и смета дека со такви инциденти и опструкции сериозно се загрозува слободата на медиумите и правото на јавноста да биде информирана.

– За СЕММ е целосно неприфатливо на каков и да е начин да се спречува  професионалната работа на новинарите, која треба да биде ослободена од какви било закани и притисоци, соопшти СЕММ.

Насилството врз новинарите и медиумските работници, оценува Советот, е сериозен проблем, за кој е потребен системски и координиран одговор од надлежните институции. Апелира до нив да преземат соодветни мерки за целосно расветлување и расчистување на инцидентот. Решавањето на случаите од тој вид, истакнува СЕММ, ќе го обесхрабри повторувањето на ваквите чинови на насилство и притисоци врз  медиумите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лавров исфрли новинар од салата: „Ако не го предадете телефонот, ќе го извадат оружјето“

СДСМ: Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите, но во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме

Светски ден на слободата на медиумите: Слободните медиуми се столб на демократијата

ВИДЕО: Слободата на медумите во Македонија е во пад, состојбата сега е „проблематична“

Маскирани агенти ја претресуваат московската канцеларија на „Новаја Газета“

Македонскиот сервис на Радио Слободна Европа ќе биде затворен на 31 март