А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Советот на ЕУ не ги усвои заклучоците за проширувањето, само Бугарија била против позициите на Чешка и Словачка

by А1он18/12/2020 - 16:0718/12/2020 - 16:081344
Share0

По вчерашната блокада на Чешка и Словачка вчера, контроверзните заклучоци за проширувањето не се усвоени од страна на Советот на ЕУ, а темата ѝ се остава на Португалија, која во новата година го презема претседавањето.

Следете a1on на Instagram Instagram

Дипломатите во Брисел не паметат кога последен пат годината завршила без заклучоци за проширувањето на ЕУ, но по денешниот амбасадорски состанок е извесно дека овој пат тие нема да се усвојат, откако Чешка и Словачка оценија дека текстот оди предалеку во мешањето на билатералните спорови.

По месеци напорни дискусии со Бугарија околу вметнувањето на пасус кој гласи дека Договорите со Грција и Бугарија треба да им стават на крај на барањата поврзани за „погрешното толкување на историјата“, германското претседателство попушти на почетокот на оваа недела и прифати да се внесе реченицата.

Иако до последен момент амбасадорите мислеа дека работата е завршена, вчера се огласија шефовите на чешката и словачката дипломатија, кои побараа да се блокираат овие заклучоци сѐ додека прашањето не биде дебатирано на министерско ниво.

Следете a1on на Youtube YouTube

Братислава и Прага обвинија дека оваа реченица е еднаква на „фалсификување на историјата“ и потсети дека не е на ЕУ да суди како се идентификува една земја, ниту кој јазик го говори и предупреди дека ваква реченица претставува опасен преседан за процесот на проширување понатаму, поради што тие не се во можност да дадат согласност за овие заклучоци.

Според дипломатите во Брисел, барањето на Чешка и Словачка не е примено со незадоволство и се изразува разбирање за нивниот став, освен во Софија.

Следниот состанок на кој ќе се разговара за проширувањето ќе биде идната година, под португалско претседателство, но за сега нема индикација кој ден точно тоа ќе се случи. И покрај фактот што Португалија е географски оддалечена и проширувањето на ЕУ кон Западниот Балкан не е во нејзините приоритети, дипломатите велат дека Лисабон покажува исто така разбирање за ситуацијата.

Атмосферата во дипломатските кругови во Брисел и е наклонета на Северна Македонија, а посебно се нагласува фактот што никој во македонскиот државен врв не даде провокативни изјави, а земјата постојано покажува подготвеност за разговор и компромис, за разлика од Бугарија, чии провокативни изјави за историјата, јазикот и самоопределувањето не останаа незабележани.

Дипломатите исто така предупредуваат дека Бугарија треба “повнимателно“ да се однесува бидејќи и самата бара приклучување кон Шенген зоната, за што би можела да биде условена со „конструктивно“ однесување.

Однесувањето на Бугарија ги шокирала и европските и американските партнери, надежта во Брисел е дека страстите ќе се смират во Софија од идната година.

bugarija dogovoreu pregovorisovet na eu

Би можело да ве интересира

Новата министерка за надворешни работи на Бугарија е креаторот на „Францускиот предлог“

А1он11/05/2026 - 21:33

Филипче: Македонскиот јазик не е загорезен, Мицкоски прдолжува со лажната одбрана на идентитетот

Катерина Ѓуровски05/05/2026 - 14:47

Мицкоски: Бугарскиот наратив кон Македонија нема да се промени

Катерина Ѓуровски04/05/2026 - 12:25

Мицкоски: Нема уставни измени, ако треба ќе чекаме децении како што чекаа политичарите од Бугарија да го применат принципот на Живковизмот

Катерина Ѓуровски29/03/2026 - 15:42

Мицкоски: Нема да има уставни измени без гаранција за правата на Македонците во Бугарија и без потврда дека ова е последна отстапка

Катерина Ѓуровски29/01/2026 - 13:31

Бугарија го оспорува Акцискиот план за малцинства затоа што бил на македонски јазик, вели Мицкоски

Катерина Ѓуровски04/01/2026 - 14:12
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто