Советот на амбасадори разочаран од однесувањењето на некои партии во услови на мобилизација поради коронавирусот

Од:

Здружението за надворешна и меѓународна политика „Совет на Амбасадори“ преку соопштение наведува дека со големо внимание и загриженост ги следи севкупните состојби во земјата, особено од аспект на пандемијата со коронавирусот со која веќе започна да се соочуваат граѓаните на земјава, како и напорите кои се преземаат на ниво на влада и државните институции, непосредно надлежни за преземање на содветни мерки и активности.

– Советот на амбасадори во овој контекст веднаш ја изразува својата разочараност од однесувањето на дел од политичките партии кои во последните триесет денови од за сега предвидените предвремени избори се обидуваат во оваа навистина чувствителна и сеуште непредвидливо опасна ситуација да добијат поени или придобијат идни гласачи на крајно несовесен начин, се наведува во соопштението и се посочува дека ширењето лажни вести на одредени медиуми блиски до политички партии е фрлање на масло на запален оган со тешки последици.

Според Совет на Амбасадори, во време кога коронавирусот се повеќе се проширува и бара сеопшта мобилизација на државните институции и ресурси непримерно е политичка партија (која е главен коалиционен партнер во Влада) да „мобилизира„ млади и создава парадржавна партиска организација за „помош“ на граѓаните наместо со акции и идеи активно да учествува во работата и седниците на Владата во борбата за сузбивање на оваа опасна болест, се наведува во соопштението.

„Совет на Амбасадори“ смета дека сега не е време опозициските политички партии секојдневно во нивните конференции за печат да излегуваат само со критики кон Владата особено оние кои се во нејзин составен дел, туку време е, како што се посочува, да се борат нивните програми и идеи да ги инкорпорираат во акциската програма на Владата и заедно да работат на сузбивање на коронавирусот.

Воедно, „Совет на Амбасадори“ потсетува на нивно соопштение од крајот на минатата година и го повторува предлогот, поради очекување на датум за преговори со ЕУ и сегашната тешка економскa состојба како и психолошкиот притисок кај населението создаден од коронавирусот, лидерите на политичките партии повеќе да размислуваат за одржување на редовни парламентарни избори, одколку да настојуваат да се одржат предвремени избори.

Би можело да ве интересира

Осуда од Советот на амбасадори на терористичкиот напад во Москва

Филипов: Одлуката на ЕУ за Украина треба да биде отрезнувачка, ние не треба самите да си ставаме сопки

Совет на амбасадори: Осудуваме испади и насилство чија цел е дестабилизација на земјата

Советот на амбасадори ја поздравува силната поддршка на САД за брза евроинтеграција на земјава

А1он

Совет на Амбасадори: Северна Македонија непотребно стана дел на предизборната кампања во Бугарија

А1он

Совет на амбасадори: Политичките партии да го стават фокусот на зајакнување на институциите, а не на организирање чести избори

А1он