Советот на амбасадори го поздравува хрватското претседавање со ЕУ

Од:

Здружението за надворешна и меѓународна политика „Совет на Амбасадори“ по повод преземањето на претседавањето со Европската унија од Република Хрватска, информира дека ја примаат со голем ентузијазам иницијативата на официјален Загреб да на врвот на агендата на мајскиот самит во Загреб биде опстојување и забрзување на динамиката на проширување.

– Потребата за проширување, разбирливо со нови практични предлози како една  од приоритетните теми на претстојниот самит влева надеж и уверување дека земјите на ЕУ правилно ќе ја разберат оваа голема тема која за Западен Балкан е највисок приоритет. Советот на амбасадори е уверен дека како и до сега Република Хрватска со досегашниот континуитет во изразување јасна поддршката за европските интеграции на Република Северна Македонија, и воопшто, поддршка за европската приказна на целиот Западен Балкан ќе биде особено значајна и затоа нашите очекувања се големи и засновани на реална основа, се вели во соопштението од Советот на амбасадори.

Советот не се се сомнева дека Хрватска ќе вложи максимални напори во напорните консултации што претстојат, со право да се задржи вниманието врз потребата и неопходност од прширувањето на ЕУ и секако и  со должно внимание и кон други особено важни прашања како што е европскиот буџет и некои други заложби на поедни земји.

Советот на амбасадори, се вели во соопштението, е убеден дека членките  на ЕУ ќе успеат да пронајдат начин за деблокирање на процесот за проширување како реална перспектива за земјите на Западен Балкан кои направија големи напори во спроведување на бројни реформи  кои мора да продолжат и од кои реформи нема откажување.

Би можело да ве интересира

Монструм во Далмација силувал девојче со инвалидитет повеќе од 100 пати, доби 6 години

Ковачевски: Граѓаните треба да бидат среќни, живеат во држава со исклучително ниво на безбедност

А1он

Две лица примени во болницата во Загреб под сомнеж дека се затруле од газирани пијалоци, пиеле Кока Кола

Скандал во Хрватска: Маж водел гола жена низ селото прикажувајќи ја како прељубничка

Оценската мисија за Судскиот совет неделава завршува со мониторингот

А1он

На европското знамнце не му било местото во измените на Кривичниот законик: ЕУ загрижена за новите одредби