Советникот Усеини од ДУИ вербално нападнал инспектор поради дивоградбата кај Чинарот

Од:

Инвеститорот на дивоградбата кај Чинарот и советник во Општина Охрид, Нефи Усеини од ДУИ, вербално нападнал инспектор од Скопје, кој сакал да изврши инспекциски надзор на дивоградбата кај Чинарот.

„Во вторникот попладнетo во СВР Охрид, лицето Р.К. (39) од Скопје, кој е инспектор за културно наследство од Управата за заштита на културното наследство при Министерството за култура, пријави нарушен ред и мир на плоштадот Крушевска Република, извршен од Н.У. од Охрид“, велат од СВР Охрид.

Според пријавеното, Усеини вербално реагирал на вонредниот инспекциски надзор во објектот. Од охридската полиција велат дека советникот во Општина Охрид од редовите на ДУИ е повикан на разговор, а по комплетирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Дивоградбата кај Чинарот за која Усеини нема потребни дозволи, кои треба да бидат издадени од Општина Охрид, и по еден месец од решението за уривање, остана недопрена од надлежните служби. Општината на 25 март донесе решение за уривање на дивоградбата кај Чинарот и му даде рок од 10 дена на сопственикот сам да ја урне. Речиси еден месец по донесувањето на решението, ниту сопственикот на терасата сам ја урна ниту Општината уриваше.

Објектот чиј инвеститор е Усеини се појави за време на викендотот на 9 и 10 март кога градежни работници со багери и хилти ја урнаа старата платформа и почнаа да градат нова. Сите градежни активности беа нелегални, но инспекцијата на терен излезе десет дена подоцна.

Кристијан Ландов

 

Би можело да ве интересира

Почувствуван земјотрес во Охрид и околината

Жена загина во сообраќајна несреќа што се случи во центарот на Охрид

Горан Наумовски

Уште еден земјотрес во Охридско-струшкиот регион

Серија земјотреси во регионот на подрачјето Пештани-Охрид-Струга

Горан Наумовски

Нов огромен објект никнува во старата чаршија, алармира Охрид СОС

Катерина Ѓуровски

Обвинителството отвори истрага за шесткатницата дивоградба во Чаир

Катерина Ѓуровски