Советниците од Росоман не сакаат регионална депонија во нивната општина

Од:

Со мнозинство гласови, Советот на Општина Росоман уште пред некое време се има изјаснето дека не сака регионална депонија за комунален отпад на својата територија. Од општината потврдуваат дека во моментов се во статус кво, иако другите општини од Вардарскиот плански регион се изјасниле дека немаат ништо против идната заедничка депонија да биде во росоманско.

– Според изработената студија од страна на стручни лица, уште пред некое време ни беше соопштено дека меѓу неколкуте општини, предложената локацијата во Росоман е избрана како најповолна за лоцирање заедничка регионална депонија. Имајќи ја предвид таа студија, новата депонија би требало да биде над постоечката, која е од локален карактер и е на околу четири километри од Росоман. На два километра од село Крушевица, близу до селото Сирково и брзиот пат Градско – Прилеп, кој е во изградба. Следуваа одлуки за пренесување на надлежностите по ова прашање на централно ниво, делегирање на надлежностите. Тоа го сторија сите други општини, согласно со одлуките на општинските совети. Само нашата општина нема таква одлука од Советот на општината. Советниците со мнозинство не сакаа да изгласаат такво нешто, со образложение дека стравуваат од штетни последици по здравјето и животната средина, велат од локалната самоуправа.

Не помогнала ниту презентацијата на проектот која во Росоман била реализирана од страна на домашни и странски експерти по ова прашање. Советниците не биле убедени докрај дека е предност и дека е добро да се има една регионална депонија, наместо неколку поединечни во различни општини од регионот.

Комуналниот смет од општината сега се фрла на диви и неуредени депонии

Во локалната самоуправа Росоман има и одделни размислувања дека е подобро да има современа регионална депонија на место на сегашната, која, според тие размислувања, е поштетна од каква било друга депонија. Дел од росоманските претставници на општината дури имале и предлог евентуалната регионална депонија да биде од другата страна на реката Вардар, во делот кој не е многу населен и важи за своевидна полупустина. Работата застанала кога стручните лица тврделе дека според студијата Росоман е најсоодветното место за такво нешто, а советниците со мнозинство се изјасниле против.

Според студијата, новата регионална депонија, модерна и според стандардите би требало да се простира на површина од околу 38 хектари.

Екологистите од кавадаречкото друштво „Екоживот“ се децидни дека не е важно каде ќе биде лоцирана регионалната депонија, туку е важно отпадот не само да се одлага, туку и да се рециклира. Неготинските екологисти од „Ековита“, пак, нагласуваат дека се за регионална депонија за комунален отпад, но со претходна примарна селекција и запазување на еколошките стандарди.

Би можело да ве интересира

Тешка сообраќајка на патот Кавадарци – Росоман, неколкумина повредени

Орце Костов

Во Шведска изби најголемиот еколошки скандал во последните 50 години, обвинети се 11 лица

Велес пред нова еко-катастрофа: Троската од Топилница полна со олово ќе се дроби и меле пред да се извезува

Орце Костов

Дрисла: МВР и ОЈО да ги пронајдат подметнувачите на пожарот во депонијата

(ВИДЕО) „Луѓето се исплашени, чадот е страшен, можно е да е канцероген“: Гори депонијата Дрисла

Орце Костов

Чадот и смрдеата од запалената депонија кај Волковија се шират до Тетово и Гостивар

Катерина Ѓуровски