Советниците на ДУИ го обвинија тетовскиот градоначалник за политички притисоци во училиштата

Од:

Советниците на Демократската Унија за Интеграција во Општина Тетово одржаа прес-конференција обвинувајќи го раководството на локалната самоуправа дека прави политички притисоци во училиштата. Тие обвинуваат дека градоначалникот го политизира образованието.

-Политиката треба да ги држи рацете подалеку од образовните институции, но челниците на општина Тетово, напротив, училиштата и образованието ги гледаат како сфера за политичко пазарење и удобност на нивните милитанти, на кои им било ветувано многу, но ништо не им било дадено. Најдобар доказ за ова што го кажуваме е неодамнешниот настан со поранешниот директор на ОУ „Истикбол”, Зија Адеми, кој вчера за националните и регионалните медиуми потврди дека поднел оставка под голем политички притисок од претставници на општина Тетово, со што го потврди отвореното писмо на министерот за образование г.Јетон Шаќири, истакна Сали Елмази, советник од редовите на ДУИ.

Советниците побараа одговорност од градоначалникот поради постапките на вработените во општината.

-Јавно го прашуваме градоначалникот на општина Тетово, во кое својство е ангажиран Садат Сулимани во Општината, како раководител на инспекторатот или како човек кој врши притисок врз просветните работници да ги спроведуваат политичките договори со вашите коалициски партнери? Како се осмелувате да ги гледате училиштата и најважните позиции во училиштата како места за вработување и да менувате кадар секогаш кога ќе се сетите или ќе ви побара коалицискиот партнер? Притисоци, закани, уцени и мобинг на работното место се прекршоци казниви со закон, затоа ги повикуваме истражните и органите на прогонот да го истражат овој случај, со цел оние кои вршат притисок врз вработените да завршат таму каде што им е местото а не да ги искористат институциите за нивните ниски цели, истакна Сали Елмази.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Изет Меџити останува без надлежности во Министерството за животна средина по обвинувањата за корупција и уцена

Предраг Петровиќ

Втор пат за еден ден, дел од Тетово е без струја

Дефект на трафостаница во Тетово, без струја околу 5000 корисници

ВЛЕН: ДУИ повторно се обиде да ги измами Албанците, но нивната пропаганда беше уништена со факти

ДУИ: Етничко исклучување во тајните служби на Македонија

ДУИ стартуваше со реформи и ветинг во своите редови