Советници во општина Велес од свој џеб купиле стакло за масата за венчавки во матичното

Од:

После година и пол во салата за венчавки во Велес лоцирана во Ликовниот салон е сменето стаклото од масата за венчавки.

Стаклото стоеше скршено и ја грдеше сликата кога матичарот венчаваше младенци додека институциите си ја префрлаа топката кој е надлежен за менување на инвентарот во Ликовниот Салон. Општината не издвоила пари, а матичната служба и Народниот музеј рекле дека не се надлежни.

Тројцата советници на Левица во Општина Велес од џеб издвоија 2380 денари за да го заменат стаклото, а сега планираат да купат десет плафонерки кои чинат од 400 до 600 денари.

„Ова е салата за венчавки во Велес лоцирана во Ликовниот салон. Дадовме од џеб 2380 денари. Сега десет сијалиц ќе купуваме, плафоњерки. Цена на една е од 400 до 600 денари. Баравме, чекавме, викавме, никој ништо не презеде. И мора вака со јавно понижување“ рече советникот Игор Смилев за „А1он“.

„Овде како Советници ја имаме најубавата и свечена привилегија да ги венчаваме идните брачни другари. Ова на првата слика е стаклото од масата за венчавки кое стоеше преполовено и искршено речиси две години.

Две години срам за нас, срам за Велес и горчлива сцена од реалноста уште на првиот ден од заедничкиот живот на младенците.
Градоначалникот Колев немал предвидено пари за 2023, не предвиде пари за 2024, матичната служба вели дека Народниот Музеј е надлежен, а Директорот на музејот топчето си го префрли на матично“, објави Смилев на Фејсбук.

Би можело да ве интересира

Двајца велешани нападнале полицајци, насилниците завршиле во станица

Горан Наумовски

Измамема жена од Велес, останала без 600 евра

Велешанец проголтал дрога за да ја сокрие од полиција, па завршил во болница

Горан Наумовски

Во Велес утре Ден на жалост поради тројцата велешани кои настрадаа во сообраќајка

Маж и жена шверцувале дрога на релација Скопје-Велес

Горан Наумовски

Се загади воздухот во Велес од пожарите на планините Мукос и Бабуна

Предраг Петровиќ