Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје: Антидатирањето на бројчиња во архива е кривично дело

Од:

Вчера Арсовска на прес конференција ги пофали директорите на јавните претпријатија дека се на ниво на задачата и дека одлично ја извршуваат, а денес лаже кога вели дека ги разрешува поради несоодветно работење велат од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град скопје откако градоначалничката АРсовска денеска им порача дека директорите од оваа партија секако ќе биле сменети.

– Ниту понуда од Арсовска до директорите за доброволно заминување, ниту барање за оставка имало. Ја потсетуваме Арсовска дека антидатирањето бројчиња во архива е кривично дело, а лажењето на јавноста е лицемерие кое скопјани не го заслужуваат. Одлуките на директорите се последица на паниката на Арсовска дека никој не сака да соработува со градоначалничка која очигледно не е способна да донесе резултати кои ги вети.Ваквиот чекор е доказ дека власт по секоја цена и преку газење на принципи не е прифатливо за ВМРО-ДПМНЕ. Функцијата значи одговорност спрема граѓаните се вели во реакцијата од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Арсовска: Нема да поминат заканите за тужба, да се одговори кога е осигуран објектот на Универзална сала

Костадиновска Стојчевска ќе ја тужи Арсовска за клевета за пожарот во Универзална

Орце Костов

Арсовска: Зошто Костадиновска-Стојчевска не го пријавила пожарот ако знаела за него пред девет часот

Орце Костов

Се чекаат кандидатите за пратеници на Данела Арсовска: На изборите ќе се гласа за пет коалиции и две партии

Орце Костов

Град Скопје: Трајко Славески не прифати седница за донирање на месечните паушали за Леонид

Предраг Петровиќ

Арсовска постави нов директор на Водовод и канализација