Совет на МРТ: Одговорноста е кај Тодор Петров

Од:

Советот на МРТ вчера одлучи дека Македонската Телевизија во вестите емитувани на 29 септември во Дневник 3, во 23 часот, била задржана веродостојноста, со оградата на уредникот водител Љупчо Цветановски од тврдењата и оценките изнесени во изјавата на Претседателот на Светскиот македонски конгрес Тодор Петров, кој изјави дека починал македонски државјанин во Грција, откако бил наводно претепан од група насилници.

„На тој начин МРТ посочи дека одговорноста за веродостојноста на изнесените факти и тврдења му припаѓа на претседателот на Светскиот македонски конгрес, на кој, како на веродостоен извор му беше овозможено во живо, без кратење, директно во емисијата вести да зборува непречено. На тој начин Македонската радио телевизија ја оствари и својата улога на непристрасен сервис достапен до сите чинители на нашето општество, во случајот неоспорен фактор во македонското цивилно општество – застапник на Македонците во светот и земјата. Секаква интервенција во текстот на изјавата во живо на Петров ќе беше цензура, што не е и нема да биде метод на работа на Македонската радио телевизија“, се вели во соопштението на МРТ.

Би можело да ве интересира

Ковачевски: Анкетите на МТВ нè потсетуваат како изгледаа медиумите до 2016 година

Македонија нема да има претставник на Евросонг во Малме

Орце Костов

Почина Слободан Трајковски, долгогодишен новинар и поранешен директор на МТВ

Ландов

Граѓаните на пешачки маратон во МРТ, лифтовите на поправка

Ана Ололовска

Мирис на мртви мачки и расипани тоалети, МРТВ како Чернобил

Наум Локоски

ВИДЕО: Поплава во МТВ

Ана Ололовска