Совет на амбасадори: Со воведување и второ државјанство за кандидатите за амбасадори се уриваваат темелите на државата

Од:

Совет на Амбасадори преку соопштение изразува голема загрижениост и изненадување од веста во медиумите дека мала група пратеници, како што се посочува, „борци за човекови права” во услови на тешка пандемија со коронавирусот и продлабочена економска криза приоритет на нивното пратеничко ангажирање е на промена на еден член од Законот за надворешни работи со кој ќе се овозможи за амбасдор да биде акредитиран државјанина на РС Македонија кој има и државјанство на друга држава.

Советот потсетува дека до сега биле испраќани македонски амбасадори кои имале и друго државјанство, но, тие се откажале од странското државјанство.

-Оваа позитивна пракса покажува дека некои нови кандидати за оваа највисока фунција во дипломатијата не сакаат да се откажат од државјанство на земји членки на Унијата а сепак сакаат да станат македонски амбасадори. Тоа се очебијно мотивите на овој предлог за измени во Законот за надворешни работи во делот на државјанството, а барањето да оди по скратена постака е само потврда тоа да се стори најбрз можен начин, наведуваат од Советот на амбасадори.

Воедно, од Совет на амбасадори ја потсетуваат Владата дека државјанството на именуваните амбасадори на светско ниво е регулирано со Виенската конвенција за дипломатски односи од 1961 год. и не може да биде предмет на било какво пазарење или исполнување на лични желби на партиски активисти.

Советот истовремено нагласува на регулацијата и со член 4 од Уставот на Република Северна Македонија каде децидно стои :„ Граѓаните на Република Северна Македонија имаат државјанство на Република Северна Македонија. Ова значи дека поседување на друго државјанство е исклучиво право и желба.

-Совет на Амбасадори смета дека било кој обид во време на негирањето на македонската државност, јазик и култура од страна на некои земји од соседството со можноста да се воведе и второ државјанство за кандидатите за амбасадори сериозно се уриваваат темелите на македонската држава што ќе има долготрајни негативни последици, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

СДСМ најавува иницијатива: Премиер, министри, пратеници да бидат само со македонско државјанство

Осуда од Советот на амбасадори на терористичкиот напад во Москва

Филипов: Одлуката на ЕУ за Украина треба да биде отрезнувачка, ние не треба самите да си ставаме сопки

Совет на амбасадори: Осудуваме испади и насилство чија цел е дестабилизација на земјата

Заглавени 20.000 државјанства, АНБ прави сложени проверки

Кристијан Ландов

Советот на амбасадори ја поздравува силната поддршка на САД за брза евроинтеграција на земјава

А1он