Совет на амбасадори: Прекројувањето на границите би довело до ново крвопролевање со несогледливи последици кон целиот регион

Од:

Советот на амбасадори со внимание ги следи првичните реакции, согледувања, размислувања и коментари за генезата на НОН ПЕЈПР-от којшто заговара промена на границите на Балканот. Тој, по сѐ изгледа сепак потекнува од пријателска Словенија и нејзиниот премиер, кои се исправени пред мајското преземање на претседателството со Европската Унија. Факт е дека се ставени на хартија клучни тези во вид на крајно опасна идеја, за којашто, како во позната филмска рашомонијада следеа разни спротивставени изјави, се вели во соопштението на Совет на амбасадори.

Од Советот со големо изненадување и загриженост посочуваат кон фактот дека дел од балканските земји, сега полноправни членки на НАТО и кандидати за членство во ЕУ се наоѓаат на хартија, што проектира состојби кои не смеат и не можат да бидат решавани и решени во изолирани европски кругови и/или нечии кабинети. Оттаму, Советот високо ја цени брзата реакција на Стејт департментот, што потсетува на клучните договори, кои се веќе постигнати заради мир и соработка во Балканскиот регион и коишто треба да се спроведуваат во реалноста.

Оттаму соопштуваат дека цврсто стојат на ставот дека етноцентризмот, националзмот и прекројувањето на границите би довело до ново крвопролевање со несогледливи последици кон целиот регион на ЈИЕ.

Советот на амбасадори предупредува дека НОН ПЕЈПР-от претставува опасна игра, којашто може да прерасне во „катастрофална лавина, што настанала од мала топка снег, се додава во нивното соопштение.

Би можело да ве интересира

Осуда од Советот на амбасадори на терористичкиот напад во Москва

Филипов: Одлуката на ЕУ за Украина треба да биде отрезнувачка, ние не треба самите да си ставаме сопки

Совет на амбасадори: Осудуваме испади и насилство чија цел е дестабилизација на земјата

Советот на амбасадори ја поздравува силната поддршка на САД за брза евроинтеграција на земјава

А1он

Совет на Амбасадори: Северна Македонија непотребно стана дел на предизборната кампања во Бугарија

А1он

Совет на амбасадори: Политичките партии да го стават фокусот на зајакнување на институциите, а не на организирање чести избори

А1он