Совет на амбасадори: Бугарија не се претстави пред светот како европски ориентирана земја

Од:

Советот на амбасадори изрази жалење заради ветото што го постави Бугарија со што се блокира почетокот на преговорите на земјава со Европската унија. Во соопштението од Советот на амбасадори се наведува дека не може да се развиваат добрососедски односи меѓу земјите со негирање на минатото на народите, нивните јазични и културни вредности од позиција на примена на вето како екслузивно право на земја членка на Унијата кон земјите кандидати или аспиранти.

– Со овој непримерен чин, Република Бугарија не се претстави пред светот како европски ориентирана земја која ги почитува и применува европските вредности и стандарди на самоопределување, човекови права, демократија, јазичните и културните вредности и различности. Советот на амбасадори смета дека доколку се пропушти можноста за соодветно решение до и на самиот Самит на ЕУ, дека во рамки на неодамнешните реформи на процесот на проширување на Европската Унија, ќе биде испуштена приликата за корекција на принципот на општ консенсуз при донесување на одлуките со посовремен и поефикасен начин на донесување на одлуки, се вели во соопштението.

Советот на амбасадори ги повикува земјите членки на Унијата, а посебно Република Бугарија, да вложат вистински напори и да придонесат на Европскиот совет да се донесе вистинската одлука, односно во декември Република Северна Македонија и ЕУ да ја одржат првата меѓувладина конференција и да започнат преговорите за членството во Унијата.

Би можело да ве интересира

Потребно итно професионализирање на дипломатската служба, порача Советот на амбасадори во реакцијата за приведениот дипломат

Ана Ололовска

Совет на амбасадори: Владата нека нѐ праша за нова стратегија со Бугарија, досегашната не дава плод

Жарко Настоски

Совет на амбасадори: Прекројувањето на границите би довело до ново крвопролевање со несогледливи последици кон целиот регион

Ана Ололовска

Мухамед Халили е избран за нов претседател на Советот на амбасадори

Совет на амбасадори: Со воведување и второ државјанство за кандидатите за амбасадори се уриваваат темелите на државата

Ана Ололовска

Совет на амбасадори: Насилството врз жените за најфлагрантно кршење на човековите права

Ана Ололовска