Состанок за ИПА проектот „РЈА – Поддршка на МИОА во модернизацијата на јавната администрација“

Од:

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски го отвори првиот состанок на проектот за модернизација на јавната администрација, финансиран преку првата компонента на ИПА програмата (Транзициска помош и институционална надградба).

Како што истакна министерот Манчевски, Владата има цврста политичка волја за суштински реформи во оваа област, за што говори и воспоставувањето на Советот за реформа на јавната администрација.

„Една од стратешките цели на Владата е реформа на јавната администрација. Овој проект претставува важна алка во стратегијата преку чија имплементација ќе се направат значајни чекори кон воспоставување на професионална, ефикасна, ефективна и транспарентна администрација која целосно ќе се инкорпорира во ’Европскиот административен простор’. На овој начин ќе обезбедиме администрација која ќе одговара на потребите на граѓаните“, потенцираше Манчевски.

Проектот се однесува на поедноставување на административните процедури и подобрено спроведување на правната рамка за јавна администрација, а предвидува и активности за професионализација на вработените кои се директно вклучени во испораката на јавни услуги преку воспоставување на рамка на компетенции.

Важна компонента од проектот е и развојот на софтверско решение кое ќе им овозможи на институциите да го подобрат планирањето на институционалните капацитети за подобра испорака на јавни услуги. Целат е да се овозможи проактивен пристап кон побарувачката на услуги која може да варира во зависност од различни надворешни настани, законски измени и влијанија, но пред се да го намали административниот трошок за испорака на услуги и да овозможи објективно оценување на работата на административните службеници.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе 40-тина амандмани за пакетот закони од МИОА, од кои 21 за Законот за административни службеници

Трајчевски: АВМУ го тужи МИОА затоа што ни исплати 80.000 евра помалку од законски предвидените

Орце Костов

Алиу: Вработувањата не се предизборни, ќе се вработат на неопределено лица кои работеле привремено

Орце Костов

Алиу: Конечен став за забраната на Тик-Ток по координација со правосудните, образовните и безбедносните институции

Горан Наумовски

Почнаа преговорите за решавање на проблемите на регионалните и локалните радиодифузери

А1он

МИОА: Нови алатки во процесите за дигитална трансформација на општеството

А1он