Состанок во МИОА за подготовка на нов закон за јавни набавки

Од:

За подготовка на нов закон за јавни набавки ќе се формираат работни групи кои ќе земат активно учество и ќе имаат конструктивна улога во целиот процес.

Тоа го договориле денеска министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска и стручен тим од Министерството со претседателот на Стопанската комора за информатичка технологија МАСИТ Горан Попоски и државниот советник во Советот за јавни набавки, Светислав Радовиќ, соопшти МИОА.

На состанокот се разговарало за плановите и роковите околу изготвувањето на новиот закон за јавни набавки, при што учесниците се согласиле дека треба да бидат вклучени претставници од сите засегнати страни, меѓу кои и членови на МАСИТ кои треба да дадат сериозен придонес во ИТ делот од законот.

Министерката Арсовска Томовска, се вели во соопштението, ги информирала учесниците на состанокот за активностите на МИОА за зголемувањето на бројот на ИКТ кадри во Македонија.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе 40-тина амандмани за пакетот закони од МИОА, од кои 21 за Законот за административни службеници

Трајчевски: АВМУ го тужи МИОА затоа што ни исплати 80.000 евра помалку од законски предвидените

Орце Костов

Алиу: Вработувањата не се предизборни, ќе се вработат на неопределено лица кои работеле привремено

Орце Костов

Алиу: Конечен став за забраната на Тик-Ток по координација со правосудните, образовните и безбедносните институции

Горан Наумовски

Почнаа преговорите за решавање на проблемите на регионалните и локалните радиодифузери

А1он

МИОА: Нови алатки во процесите за дигитална трансформација на општеството

А1он