Состанок на Дигиталниот форум за Уредбата за ваучери за дигитални вештини на млади

Од:

Дигиталниот форум одржа состанок на кој беше претставена Уредбата за доделување ваучери на млади лица до 29 години за обуки за дигитални вештини. Ова независно тело е надлежно за селекција на правните лица кои ќе се пријават, како и обуките што ќе се понудат.

-Со членовите на форумот разговаравме за следните чекори за пријавување и селекција на правните лица кои ќе нудат обуки, за критериумите и кои се потребите на пазарот на трудот, напиша министерот за информатичко општетсво и администрација Дамјан Манчевски во објава на својот профил на Фејсбук.

Манчевски потенцира дека целта е на младите да им се понуди листа на обучувачи и на релевантни обуки од кои тие понатаму ќе можат да избираат.

-Само преку квалитетни програми за дигитални вештини ќе продуцираме кадар конкурентен на пазарот, вели Манчевски.

Предвидено е да се финансираат обуки за од најосновни до напредни дигитални вештини. Вкупниот буџет е во износ од 150 милиони денари.

Во Дигиталниот форум членуваат претставници на универзитетите со ИКТ студии, четирите стопански комори, ИКТ експерти и двајца претставници на институциите.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе 40-тина амандмани за пакетот закони од МИОА, од кои 21 за Законот за административни службеници

Трајчевски: АВМУ го тужи МИОА затоа што ни исплати 80.000 евра помалку од законски предвидените

Орце Костов

Алиу: Вработувањата не се предизборни, ќе се вработат на неопределено лица кои работеле привремено

Орце Костов

Алиу: Конечен став за забраната на Тик-Ток по координација со правосудните, образовните и безбедносните институции

Горан Наумовски

Почнаа преговорите за решавање на проблемите на регионалните и локалните радиодифузери

А1он

МИОА: Нови алатки во процесите за дигитална трансформација на општеството

А1он