Состанок на Централното претседателство на ДУИ во Тетово

Од:

Централното претседателство на ДУИ попладнево одржува седница во партиското седиште во Мала Речица за состојбите по референдумот.

Пред почетокот на состанокот, вицепремиерот за европски прашања и портпарол на ДУИ, Бујар Османи,  од името на партијата соопшти дека нема потреба од предверемени избори, но ставот за ова прашање ќе биде донесен по вечершаната партиска дебата.

Во врска со најавите за предвремени парламентарни избори, нагласи дека засега ДУИ не алудира на никакви натамошни опции, туку само смета дека е време за спроведување на меѓународните обврски согласно меѓународниот договор (со Грција) и референдумското изјаснување на граѓаните.

На новинарско прашање дали ќе се постигне двотретинско мнозинство во Собранието за Договорот со Грција, рече дека дебатата во партијата штотуку почнала и дека во ДУИ без предрасуди ќе се разгледаат сите опции и можности со сите последици од една или друга варијанта во, како што посочи Османи, сегашната комплексна и сериозна состојба.

– Инцијалната порака од ДУИ до сите политички партии и сите граѓани во Македонија е дека се наоѓаме во историски момент кога е потребно единство и меѓуетничко, но и уште поважно и внатре етничко, како и интраетничко кај заедниците, за да може да се соочиме и успешно да го пребродиме еден од најголемите предизвици со кои се соочува државата зашто во моментов ја создаваме новата историја, новото поглавје за државата во кое ќе се гарантираат мирот, стабилноста и економската благостостојба не само кај нас, туку и во регионот, изјави Османи.

За заклучоците од состанокот, Османи најави дека ќе испратат соопштение до медиумите и јавноста.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Дали возилото на заменик-директорот на Царина беше веднаш зад возилото на уапсениот за примање поткуп од 17.500 евра?

А1он

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

ДУИ: 17.500 евра не можат да завршат кај заменик-директорот – да се истражи целиот синџир до Даути, Касами и Меџити

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди она што го кажав за договорите за избори меѓу ВМРО и ДУИ

ДУИ: Касами го заборава албанското знаме, наместо него, во центарот на Тетово знамето на Вергина

Горан Наумовски

Ахмети: Европска Македонија се гради со еднаквост, а не со намалување на нечии права

Горан Наумовски