Состанок меѓу МАНУ и факултетите при УКИМ

Од:

Продлабочување на соработката, работни договори и како да се пристапи кон изработка на определен проект, се темите на кои денеска дискутираат членовите на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) и деканите на факултетите при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, главно од природните науки.

На денешниот состанок, како што информира академикот и претседател на МАНУ Владо Камбовски,  се поканети факултети, главно од природните науки, каде имаме заеднички проекти во делот на заштитата на животната средина и енергетиката.

Камбовски информира дека вовеле нова практика, во договор со универзитетите, да ги уредат односите со потпишување меморандуми за соработка.

– Пред две недели го потпишавме првиот Меморандум со државниот универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. До крајот на месецот ќе бидат потпишани меморандуми за соработка со другите државни и со приватните универзитети, кои имаат достигнато одредено ниво на развој на научно-истражувачката дејност, потенцира Камбовски.

Меморандумот, како што рече, е еден инструмент кој обврзува на координација во овие активности, усогласување на истражувачките програми, отвореност во вклучувањето на потребни кадри во изведување на проектите кои ги имаме во МАНУ, а се повеќе ги има и на универзитетите.

Според него, покрај проектите, важно е да расте помлада генерација на истражувачи и да се даде придонес во развојот на научно-истражувачката дејност кај нас.

Камбовски најави дека средби ќе бидат организирани и со единиците на другите државни и приватни универзитети.

Би можело да ве интересира

УКИМ донесе Одлука за основање Фондација „Горан Стефановски“

Почина академик Јордан Поп-Јорданов

Горан Наумовски

Вработените на петте јавни универзитети на мирен протест побараа потпишување на колективен договор и изедначување со УКИМ

Горан Наумовски

Попов: МАНУ има капацитет да ѝ помогне на државата во справувањето со тешките општествени појави

Горан Наумовски

Ристов: Непочитувањето на колективен договор на УКИМ е кршење на принципот на владеење на правото

Ќе се зголемува школарината за студентите: Предлогот за поскапување испратен до студентските собранија

Орце Костов