Сослушани тројца сведоци за „Тенк“, ново рочиште на 21 март

Од:

Тројца сведоци беа сослушани на денешното рочиште за предметот на СЈО „Тенк“ во кој обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и поранешниот помошник минитер во МВР Ѓоко Поповски. По нивните искази, судијката Добрила Кацарска го прекина судењето поради неприсуство на четвртиот сведок, кој бил уредно поканет. Следното рочиште е закажано за 21 март.

На сослушувањето од СЈО, сведокот Силвана Трповска, вработена во 2012 година во одделение за менаџмент и набавки во МВР, рече дека присуствувала на отворањето, дека била пристигнатата само една понуда и оти од тоа бил составен записник.

Како сведок на СЈО беше сослушан и Љубе Пешевски вработен во МВР во 2012 година како советник за набавка на автоделови во МВР. Посочи дека бил заменик член на месстото на началникот Ненад Николовски и присуствуал само на отворањето на понудата и понатаму не учествувал во постапката.

Третиот сведок Михајло Зографски е вработен во „Макаутостар“ и во 2012 година бил директор на продажба на комерцијални возила од марка „мерцедес“ и „мицибуши“. Тој пред судот кажа дека нема многу информации за таа набавка бидејќи на подготовката на понудата работел негов колега, а тој бил замолен дигитално да ја потпише понудата за да може да се поднесе.

– Не, немам никакви дејствија преземено за подготовка на понудата. Се беше подготовено од мојот колега и јас само го потпишав со потврда од мојот претпоставен, рече Зографски, кој потенцира дека немал никаков контакт со вработени во МВР за оваа понуда.

На денешното судење беше повикан и четвртиот сведок Бранко Лапчевски кој не присуствуваше иако бил уредно поканет. Со негово сослушување ќе продолжи рочиштето на 21 март.

Предметот „Тенк“ се однесува на набавката на луксузниот мерцедес од 600 илјади евра. На денешното рочиштето присуствуваат обвинетите – Груевски, Јанкулоска и Поповски, кои по завршувањето не дадоа изјави за медиумите.

Според обвинението, во периодот од февруари до крајот на октомври 2012 година Никола Груевски како службено лице ги искористил влијанието и службената положба и побарал од министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, да спроведе јавна набавка во која Министерството ќе купи ново блиндирано патничко моторно возило „мерцедес“, модел „С-600 гард“, а во постапката бил фаворизиран економскиот оператор М.А. ДООЕЛ, генерален застапник и дистрибутер на возилата од брендот „Мерцедес“.

Јанкулоска за да го исполни барањето, пак, го поттикнала обвинетиот помошник-министер Ѓоко Поповски да стори кривично дело злоупотреба на службената положба и овластувањето.

Би можело да ве интересира

Тенк прегази двајца војници во Полска: Едниот загина, другиот во критична состојба

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

Украинскиот амбасадор во Германија ја поздрави „големата тенковска коалиција“

А1он

Британско разузнавање: Москва испраќа нови тенкови на бојното поле, војниците не ги сакаат

Варшава очекува брзо одобрение од Берлин за испраќање тенкови во Украина

А1он