Сопствената чаша вода

Од:

Претпоставувам дека многумина ја знаат приказната за царот, кој дал наредба на секој поданик да донесе чашка со вода, за да може да се наполнат каналите што ја обиколувале тврдината, чија функција бил да го заштитат царството од непријатели. Крајот на приказната се знае. Празни канали и незаштитено царство, затоа што секој поданик мислел, дека неговата чаша вода е многу неважна во однос на количината вода со која требало да се наполнат ископините.

Многумина, пак, во својот вокабулар, кој реално е базиран само на’ Зоки Поки’ литература и ништо повеќе, честопати изјавуваат дека не ги интересира политиката, мислеќи дека така е трендовски, капиталистички, правеќи се намерно слепи или пак, вистински немајќи сенс за реалноста. Пуста желба да бидат млади капиталисти, во пострауматска социјалистичка земја, која никој не се обидува да ја опорави. Капитализмот и пазарната економија бараат огромни предзнаења, сериозна работа и не трпат импровизации.

Треба да се созрее за истото. Не е доволно, да се користат поимите „бренд“, „фенси“ и да се кулира. Знаете ли дека „кулирање“ преведено на македонски е „мекнеење“. Размислете дека каналите на оваа земја се без вода. Мораме да се заинтересираме за сопствената чашка вода, за сопствената одговорност, за сопствената земја. А, потоа можеме да „мекнееме“ или „кулираме“. Сеедно.

Кога ние ќе ја однесеме својата чашка вода за каналите на оваа земја? Како да станавме нација која слободно може да се вика „далечински управувач“. Затоа што или ни диктираат како да се однесуваме или пак единствена активност ни е стегањето по копчињата на далечинскиот управувач, коментираќи ја работата на другите, најчесто негативно, без притоа да сме свесни за соствената пасивност и хемороидните последици од истата. Типично балкански. И никако да ни текне дека ние самите мораме да се погрижиме за себе, со преземање акција и иницијатива, без страв, без ограничувања и без предрасуди.

Место, секој од нас да се потруди да ја однесе сопствената чаша вода и да ја исполни сопствената обврска, што јас би го дефинирал како општествена одговорност, ние по линија на помал отпор, чекаме тоа да го направи комшијата, чија коза оддамна е почината. Занете и зошто. На сите ѕвона трубиме како на оваа земја и фали систем, заборавајќи дека него го воспоставуваат луѓе и истиот треба да го почитуваат луѓе, а не вонземјани. Кога ќе сфатиме дека ние сме системот?. Ние, за огромна жал, сме поборници на теоријата, дека за алкохоличарот е виновен продавачот на алкохол, за проституцијата виновни се јавните куќи, за болниот гревовите, за починатиот Бог, а никако ние самите . Секаде вина, само не во нас.Тогаш, за ваква држава се прашувам кој е виновен? Неисполнетата обврска за чашката со вода, одговорно тврдам.

Соседна Србија имаше сериозни проблеми кои се уште ги има, но за разлика од кај нас носител на промените тогаш беа студентите. Единствено тие се победниците во историјата на таа земја, зато што барем на некое време го вратија достоинството на студенскиот индекс . Кај нас пак, седумпати повеќе енергија имаат оние кои влегле во седумдесеттата деценија, отколку младите.Но, сѐ уште има еден мал простор, токму баш кај новите генераци. Оваа нека биде порака до сите нив. Нѐ смеат да дозволат некој да им го понижува трудот, интелектот и посебноста.Ова е ваше време, не е важно дали е добро или лошо, ваше ѐ. Факт е дека мојата генерација не е престарена, но факт е и тоа дека до сега сме учествувале на многу изборни циклуси, и нормално имаме поголема одговорност од помладите од нас.

Можеби и царот кој беше спомнат на почетоков од оваа колумна, не бил совршен, но повеќе од сигурно е дека одлуките кои ги носел, биле во служба на царството или на државата, како сакате. Денес, сите одлуки, се одлуки, во служба на неколкумина. Ние дадовме амин, а чашката со вода ја испивме. Батали ти, канали. Cо овој код, ние како народ знаеме да си ја спасуваме само сопствената душа, а понекогаш и истата да ја продадеме за многу малку пари на ѓаволот. Па, и ништо дуго не ни остана. Останува да чекаме да се порасне политички и демократски. Понекогаш Бог е многу високо, а правдата е сокриена позади врата. Но, сепак се тука … Нека Волтер и неговата мисла: „Не се согласувам со твоето мислење, но до смрт ќе го бранам твоето право да го изразиш!“ биде задолжителна заклетва. Политиката во Македонија е како мајонезот, одлично вкусен, но опасен по здравјето.

Дејан Блажески

Либерално демократска партија

(авторот е докторант од областа на економските науки)

Превземено од електронскиот весник Ohridnews

Би можело да ве интересира

Реален здравствен систем, а не експлодирана ракета на годината-петарда

Ана Ололовска

Погледот на Балканот кон Брисел, а намигнувањето кон Москва не е добра можност

Наум Локоски

Блажески: Солза, лажеш, ти никогаш не би се качила на гајби и буриња, освен ако не мислиш дека тие се мостот до удобна фотеља

Ана Ололовска

Македонските политичари да не се прават Англичани пред Тереза Меј

Ана Ололовска

Врне во душите на македонскиот народ, ама здравството нема да потоне

Ана Ололовска

Азески, време е да се пензионираш, заедно со својот дијалект!

Ана Ололовска