Сопругата на Пендаровски, Елизабета: Хуманитарните акции секогаш ќе ја имаат мојата безрезервна поддршка

Од:

Под мотото волонтираме и донираме за солидарно општество денеска во Музејот на Град Скопје, сопругата на заедничкиот кандидат за претседател Стево Пендраовски, Др. Елизабета Ѓорѓиевска организираше донаторска акција за Институтот за белодробни заболувања кај децата „Козле“. Во акцијата се донираа детски книги и сликовници со кои комплетно ќе се опреми книжевно катче со детска литература на македонски и албански јазик.

„Ви благодарам на сите што одвоивте од вашето време и се одзвавте на оваа иницијатива. Освен што го наполнивте просторот во Музејот со вашето присуство, го наполнивте и моето срце, бидејќи уште еднаш докажавте дека сме народ со емпатичност и добрина кој знае и сака да помогне на оние на кои помошта им е најпотребна.”, рече Др. Елизабета Ѓорѓиевска.

“За нас, ова е можеби симболичен гест, но за децата кои со денови, некогаш недели и месеци престојуваат во Институтот за белодробни заболувања Козле, многу значаен, а книгите кои ги дониравте барем малку ќе го олеснат нивниот престој и лекување во болницата. Во оваа прилика, би сакала да упатам апел до сите, дека граѓанските иницијативи не треба и не смеат да се маргинилизираат, напротив, секогаш кога се случуваат, треба да се поддржат. Токму затоа, ваквите иницијативи секогаш ќе ја имаат мојата безрезервна поддршка и ќе бидат на врвот на моите приоритети.“ – изјави Ѓорѓиевска.

Во оваа прилика, Ѓорѓиевска се заблагодари и на компаниите и институциите кои ја поддржаа акцијата, меѓу кои: МОБ, Комунална хигиена, градинките „Колорес“ и „Раде Јовчевски – Корчагин“, ООУ „11 Октомври“ и други.

За сите оние, кои заради своите обврски, беа спречени да дојдат во терминот на настанот, вратите на Музејот остануваат отворени за донации и во текот на следната недела.

Би можело да ве интересира

Пендаровски до ВМРО-ДПМНЕ и Давкова: Немој да си играте со судбината на Македонија

Предраг Петровиќ

НСДП: Ги повикуваме граѓаните да гласаат за нашиот претседател Стево Пендаровски

Пендаровски: Мицкоски по амбасади ветува дека прв негов приоритет ќе биде внесување на Бугарите во Уставот

(ВИДЕО) Пендаровски: Знам некои од другата страна што имаат многу причини за страв од ветинг

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пендаровски до Силјановска-Давкова: Нека ѝ служи на чест!

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пендаровски во Виница: Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот

Горан Наумовски