Сопругата на идеологот на ВМРО-ДПМНЕ на чело на Програмскиот совет на МРТ

Од:

Сопругата на еден од идеолозите на ВМРО-ДПМНЕ пред празниците е поставена за прв човек на Програмскиот совет на Македонската радио-телевизија. Ваквата информација ја соопшти Здружението на новинари, кое информираше дека на последната седница пред новогодишните празници Советот ја разрешил досегашната претседателка Снежана Клинчарова, а на нејзино место е избрана Смилка Јанеска-Саркањац. Станува збор за сопругата на професорот Бранислав Саркањац, филозоф, социополитички аналитичар и колумнист од конзервативно убедување, близок до најголемата опозициска партија, а важи и за еден од идеолозите на ВМРО-ДПМНЕ.

Професорката на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), Јанеска-Саркањац е „човек одвнатре“ со оглед на фактот дека е член на Советот од 2014 година.

Станува збор за највисок орган на управување со МРТ, кој брои 13 членови, кои ги избира Собранието на Република Македонија. Од нив, пет членови предлага собраниската Комисија за избори и именувања, тројца предлага Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС), додека останатите пет членови се предлагаат од страна на: Интеруниверзитетската конференција, Албанскиот театар, Турскиот театар, Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Македонската асоцијација на новинарите (МАН). Членовите на Советот се избираат со мандат од пет години.

Во декември 2014 година, Собранието за претседателка на Советот на МРТ ја избра Снежана Клинчаровска, на предлог на собраниската комисија, додека Смилка Јанеска Саркањац беше избрана за член на истиот Совет, но на предлог на Интеруниверзитетската конференција.

Во биографијата објавена на сајтот на ФИНКИ се наведуува дека Смилка Јанеска Саркањац е родена 1968 година во Прилеп. Во 1992 година завршила Електро-технички факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, насока Компјутерска техника и автоматика. Во 2005 година се запишува на последипломски студии на Економскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, на насоката МБА менаџмент, и магистрира во 2009 година со темата „Информационата технологија во стратегијата на претпријатието“. Во јуни 2011 година на Економскиот факултет на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје ја одбранила докторската дисертација под наслов „Стратегиски модели на е-Управување“. Во 2009 година е избрана за асистент на Универзитетот Американ колеџ во Скопје, на Факултетот за деловна економија и организациони науки, а во 2011 година е избрана за асистент на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје.

Има долгодишно искуство во ИКТ секторот во Македонија. Работела во ИКТ одделите на повеќе претпријатија од приватниот сектор, на различни позиции, како програмер, бизнис аналитичар, ИТ администратор, водач на тим за развој на апликативен софтвер, и како Директор на сектор за информатика во осигурителна компанија. Била ангажирана како сениор ИТ експерт од страна на Европската агенција за реконструкција. Посетувала бројни обуки главно од областа на менаџмент и информациски технологии. Има напишано неколку стручни и научни трудови. Нејзино поле на интерес се информациски системи од аспект на нивната примена, менаџмент и стратегии на информациските системи во компаниите од приватниот сектор и во јавниот сектор, како и примена на информациски и комуникациски технологии за развој.

Таа е генерален менаџер на агенцијата за дигитален маркетинг „Медиа Солушнс“ која е основана во 2010 година и нуди целосно портфолио на услуги од областа на дигитален маркетинг за македонските компании што бараат нови клиенти и кои се стремат да го развиваат бизнисот.

Според информациите објавени во медиумите изминативе години, може да се прочита дека Смилка Јанеска – Саркањац учествувала на трибини на Унија на жени на ВМРО ДПМНЕ, меѓу кои и на едукативна трибина на тема „Смарт табла во функција на наставата”, која се одржала на 4 ноември 2014 година. Целта на едукативна трибина била презентација на предностите и унапредувањето на образованието заедно со напредните технологии. На трибината, на која присуствувала и претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова, се посветило вниманите и на проектите кои Владата на Република Македонија ги спроведе во минатото за унапредување на образовниот систем.

Би можело да ве интересира

Ковачевски: Анкетите на МТВ нè потсетуваат како изгледаа медиумите до 2016 година

Македонија нема да има претставник на Евросонг во Малме

Орце Костов

Почина Слободан Трајковски, долгогодишен новинар и поранешен директор на МТВ

Ландов

Граѓаните на пешачки маратон во МРТ, лифтовите на поправка

Ана Ололовска

Мирис на мртви мачки и расипани тоалети, МРТВ како Чернобил

Наум Локоски

ВИДЕО: Поплава во МТВ

Ана Ололовска