Сопругата и синот на претседателот Иванов присуствуваа на манифестацијата „Еден свет за сите“

Од:

Сопругата на претседателот на Република Македонија, г-ѓа Маја Иванова и синот, Иван Иванов, денеска во Скопје Сити Мол присуствуваа на Централното одбележување на Светскиот ден за подигнување на свесноста за аутизмот, со што започна спроведувањето на кампањата „Еден свет за сите“.

Со сложување сложувалка со боите на аутизмот, десетина дечиња со аутизам симболично испратија порака за подигнување на свесноста во општеството за нивните потреби.

– Многу ми е мило што денеска бевме дел од овој настан. Симболично, со местењето на сложувалката и со моето присуство овде, сакам да дадам на знаење дека сите овие деца што се тука треба да имаат ист третман во општеството, каков што имам јас и каков што имаат сите други деца, изјави Иван Иванов, син на македонскиот претседател.

Покровител на овогодинешната кампања е сопругата на Претседателот на Република Македонија г-ѓа Маја Иванова.

– Ме радуваат вакви иницијативи што гледам дека се случуваат и дека навистина кај народот почнува да се буди таа свест за аутизмот, додаде Иванов.

Настанот, проследен со музичка програма, го организираше Здружението на граѓани за третман на лицата со аутизам, АДХД и Аспергеров синдром „Во мојот свет“. Кампањата „Еден свет за сите“ ќе трае во текот на целиот месец април.

Би можело да ве интересира

Мехмедовиќ: Не постои релевантен доказ дека вакцини предизвикуваат аутизам

Мајката на аутистичното момче за „А1он“: „Едвај стои на нозе, предозиран е од лекови“

Орце Костов

Зоран Мијалков поднесе пријава за расистички и ксенофобични пораки за децата со аутизам против вевчанецот Србаковски

Соучениците издлабиле свастика на тинејџер со аутизам: „Такво нешто не сме виделе со децении“

Кампања по повод Светскиот ден на аутизмот

Ана Ололовска

Ковачевски: Владата продолжува со силна поддршка за лицата со аутизам и нетипичен развој

А1он