Поради блокада на грчките земјоделци во прекин сообраќајот на преминот Евзони

Од:

Сообраќајот на граничниот премин Евзони, на македонско-грчката граница од попладнево е во прекин во двата правца и за патнички и за моторни возила. Границата може да се помине само пеш.

Од 16 и 30 часот е поставена блокада од трактори од страна на грчките земјоделци на преминот Евзони. Засега нема информација до кога ќе трае штрајкот на земјоделците.

Македонските гранични служби се во постојан контакт со грчките колеги, но и од таму нема информација кога ќе заврши блокадата бидејќи грчкиот Синдикат на земјоделците се уште не се изјаснил.

Дел од возилата кои се затекнаа на граничниот премин од македонска страна чекаат да ја минат границата, а некои се враќаат или се упатуваат кон граничниот премин Дојран, од каде може да влезат во Грција.

За влез во Грција возачите можат да го користат и граничниот премин Меџитлија.

Би можело да ве интересира

Пламна пожар на границата меѓу Србија и Хрватска – гореше шума и ниската вегетација

ВИДЕО: Колони и чекање на Евзони и Дојран за излез и на Табановце за влез во земјава

Катерина Ѓуровски

Застој на „Евзони“ за влез во Македонија – се чека и по 4 часа на 36 степени

А1он

ВИДЕО: Штрајкот направи хаос на границите, километарки колони на Евзони

Катерина Ѓуровски

Метеж на граница кон Грција – за излез од Македонија се чека околу два часа

А1он

Гиулекас: Поставуваме модуларни контролни пунктови на „Евзони“ за да се скрати времето на чекање