Во недела, 10 мај од 7:30 до 14 часот повеќе улици во Скопје ќе бидат со изменет сообраќаен режим поради одржувањето на манифестацијата Скопски Маратон 2015, информираат од Град Скопје.
– Во дадениот период целосно затворени за сообраќај ќе бидат: улица „Димитрије Чуповски“, булевар „Илинден“, улиците „Франклин Рузвелт“, „Војвода Васил Чакаларов“ (Адолф Циборовски), „Митрополит Теодосиј Гологанов“, „11 Октомври“, делот на булеварот „Крушевска Република“ од семафорите кај Тутунски Комбинат до семафорите кај Полициска Станица „Пролет“, булевар „3-та Македонска Бригада“ од семафорите кај Полициска станица „Пролет“ до крстосница со улица „Фрањо Клуз“, десната коловозна лента од булевар „Јане Сандански“ од Тобако во правец кон Аеродром, се до крстосница со булевар „Србија“, се наведува во соопштението на Град Скопје.
Делумно затворени за сообраќај ќе бидат: десната коловозна лента од булевар „Климент Охридски“ во правец од Матица до семафорите кај Влада, улица „Љубљанска“ во правец од булевар „Илинденска“ до семафорите кај булевар „Партизански одреди“, улица „Московска“ во правец од булевар „Партизански одреди“ до Студентски дом „Гоце Делчев“.
Од Градот информираат дека со променетиот режим на сообраќај, ќе биде променет и режимот на линиите на јавниот градски превоз.
Линии со изменета траса:
– Линија бр. 3: Од Спортска сала МЗТ до Југодрво се движи по своја траса, продолжува по улица „Св. Кирил и Методиј“ (улица „Мито Хаџивасилев Јасмин“ – Рамстор) – Клинички центар.
Во обратна насока: Клинички центар – улица „Јордан Мијалков“ (Железничка) – подвозник – булевар „Кочо Рацин“ (Југодрво) – Трговски центар – улица „Владимир Комаров“ – улица „Васко Каранѓелески“– спортска сала МЗТ.
– Линија бр. 3Б: Од Кванташки пазар до Југодрво се движи по своја траса, продолжува по улица „Св.Кирил и Методиј“ (улица „Мито Хаџивасилев Јасмин“ – Рамстор) – Клинички центар.
Во обратна насока: Клинички центар – улица „Јордан Мијалков“ (Железничка) – подвозник – булевар „Кочо Рацин“ (Југодрво) – Трговски центар – улица „Владимир Комаров“ – улица „Васко Каранѓелески“ – булевар „АСНОМ“ – Кванташки пазар.
– Линија бр. 4 и 4А: од Хром до Соборен Храм по булевар „Партизански одреди“– мост Гоце Делчев – булевар „Гоце Делчев“– Судска палата, булевар „Кочо Рацин“ (Југодрво) – подвозник, „Антон Попов“, улица „Димо Хаџи Димов“, булевар „Борис Трајковски“ и обратно.
– Линија бр. 5: Од Дексион – улица „Ѓ.Петров“,– булевар „Партизански одреди“, – булевар „Гоце Делчев“, – Судска палата, – Комплекс банки, – улица „Владимир Комаров“, – улица „Васко Карангелевски“, – спортска сала МЗТ – булевар „АСНОМ“, Ново Лисиче, а обратно од Ново Лисиче до Комплекс банки по својата траса, Судска палата, – булевар „Гоце Делчев“– булевар „Партизански одреди“ – улица „Ѓорче Петров“ и Дексион.
– Линија бр. 7: од Карпош 3 – улица „Карпошово востание“ (ОУ„Лазо Трповски“) – поликлиника Букурешт – булевар „Партизански одреди“ – булевар „Гоце Делчев“ – Судска палата – Комплекс банки – улица „Владимир Комаров“–улица „Коста Новаковиќ“ – булевар „3 Македонска бригада“ и продолжува по својата траса, а во обратна насока по булевар „3-та Македонска бригада“– улица „Коста Новаковиќ“ – улица „Владимир Комаров“ – булевар „Јане Сандански“ – Трговски центар – Комплекс банки – Судска палата – булевар „Гоце Делчев“ – булевар „Партизански одреди“ до Карпош 3.
– Линија бр. 7Б: од Дом на Печат – улица „Јордан Мијалков“ („Железничка“) – подвозник – булевар „Кочо Рацин“ (Југодрво) – улица „Владимир Комаров“– улица „Коста Новаковиќ“– булевар „3. Македонска бригада“ и продолжува по својата траса.
Во обратна насока по булевар „3-та Македонска бригада“– улица „Коста Новаковиќ“ – улица „Владимир Комаров“ –булевар „Јане Сандански“– Тр.Центар, – Комплекс банки, – Југодрво, по улица „Св.Кирил и Методиј“ (ул.„Мито Хаџивасилев Јасмин“ – Рамстор) – Дом на печат.
– Линија бр. 8: Влае – булевар „Партизански одреди“– мост „Гоце Делчев“ – булевар „Гоце Делчев“ – Бит-пазар и на своја траса, а исто и во обратната насока.
– Линија бр. 9: Клинички центар – улица „Јордан Мијалков“ (улица „Железничка“) –подвозник – булевар „Кочо Рацин“ (Југодрво) – Бит-пазар и продолжува по својата траса, а во обратната насока по непроменета траса.
– Линија бр. 15 и 15А: од Карпош 3 (почетна 7 и 59) – улица „Карпошово востание“ (ОУ„Лазо Трповски“) – поликлиника „Букурешт“ – булевар „Партизански одреди“ – булевар „Гоце Делчев“ – Судска палата – Комплекс банки – улица „Владимир Комаров“ – улица „Васко Карангелевски“ – спортска сала МЗТ – булевар „АСНОМ“ – Ново Лисиче, а обратно од Ново Лисиче до Комплекс банки по својата траса, Судска палата – булевар „Гоце Делчев“ – булевар „Партизански одреди“ до Карпош 3.
– Линија бр. 16: Железара – Бит-пазар – Југодрво и продолжува по своја траса, а во обратната насока по иста траса.
– Линија бр. 19: Почетна станица Карпош 3 (почетна 7 и 59) – улица „Карпошово востание“ (ОУ„Лазо Трповски“) –поликлиника Букурешт и продолжува по своја траса, а во обратната насока по својата траса до Карпош 3.
– Линија бр. 21: Трговски центар – Судска палата – булевар „Гоце Делчев“ – булевар „Партизански одреди“ и продолжува по своја траса, а во обратната насока по иста траса.
– Линија бр. 22: Трговски центар – Судска палата – булевар „Гоце Делчев“ – булевар „Партизански одреди“ и продолжува по своја траса, а во обратната насока по иста траса.
– Линија бр. 22А: Клинички центар – улица „Јордан Мијалков“ (улица .„Железничка“) – подвозник – булевар „Кочо Рацин“ (Југодрво) – Судска палата – булевар „Гоце Делчев“ – булевар „Партизански одреди“ и продолжува по своја траса, а во обратната насока по редовна нормална траса.
– Линија бр. 23: Дом на печат – улица „Јордан Мијалков“ (улица „Железничка“) – подвозник – булевар „Кочо Рацин“ (Југодрво) – Комплекс банки – булевар „К.Ј.Питу“– улица „Никола Карев“ ул.„Владимир Комаров“ –улица „Васко Карангелевски“ – улица „717“–(спортска сала МЗТ) – булевар АСНОМ и продолжува по трасата по булевар „Киро Глигоров“ (булевар „Војводина“).
Во обратна насока: по својата траса, булевар „Киро Глигоров“ (булевар „Војводина“) – булевар „Јане Сандански“– булевар „К.Ј.Питу“ (Транспортен центар) – Народна банка – булевар „Кочо Рацин“– булевар „Св. Кирил и Методиј“ (булевар„Мито ХаџиВасилев Јасмин“ – Рамстор) до Дом на печат.
– Линија бр. 24: Почетна станица Карпош 3 (почетна 7 и 59) – улица „Карпошово востание“ (ОУ Лазо Трповски) – поликлиника Букурешт – булевар „Партизански одреди“ – булевар „Гоце Делчев“, Судска палата, Југодрво и продолжува по своја траса. Во обратна насока по истата траса до Карпош 3.
– Линија бр. 25 (Милениумски крст): Трговски центар – Југодрво – улица „Св.Кирил и Методиј“ (улица „Мито Хаџивасилев Јасмин“ – Рамстор) –булевар „Мајка Тереза “(Водњанска) и продолжува по својата траса, а во обратната насока по улица „Јордан Мијалков“ (улица „Железничка“) –подвозник – булевар „Кочо Рацин“ (Југодрво), до Транспортен центар.
– Линија бр. 50: Кл. Центар – улица „Јордан Мијалков“ (улица „Железничка“) – подвозник – булевар „Кочо Рацин“ (Југодрво) – Бит-пазар и продолжува по својата траса, а во обратната насока, од Бит-пазар продолжува до Југодрво, улица „Св.Кирил и Методиј“ (улица „Мито Хаџивасилев Јасмин“ – Рамстор) и Клинички центар.
– Линија бр. 57: Козле, улица „Јордан Мијалков“ (улица „Железничка“) –подвозник – булевар „Кочо Рацин“ (Југодрво) – Бит-пазар и продолжува по својата траса, а во обратната насока, од Бит-пазар продолжува до Југодрво – улица „Св.Кирил и Методиј“ (улица .„Мито Хаџивасилев Јасмин“ – Рамстор) и Козле.
– Линија бр. 59: почетна станица, – улица „Карпошово востание“ (ОУ„Лазо Трповски“) – поликлиника „Букурешт“ – булевар „Партизански одреди“ – булевар „Гоце Делчев“–Бит-пазар – Бутел – до К.Бара. Во обратната насока по истата траса.
– Линија бр. 59А: Кисела Вода – Југодрво – Бит-пазар и продолжува по својата траса. Во обратната насока по истата траса.
– Линија бр. 59Б: Ново Лисиче – буевар „Јане Сандански“ – Комплекс банки –Судска палата – Бит-пазар и продолжува по својата траса, а во обратната насока од Бит-пазар – Судска палата – Комплекс банки – Трговски центар – улица „Владимир Комаров“ – улица „Васко Карангелески“– булевар „АСНОМ“ и Ново Лисиче.
– Линија 31,41, 51, 67 и 70: Трговски центар – булевар „Кочо Рацин“ (Југодрво) – подвозник – улица „Антон Попов“ – улица „Димо ХаџиДимов“, улица „Борис Трајковски“ и продолжува по својата траса.
Во обратната насока по истата траса.
– Линија 58: Трговски .центар –булевар „Кочо Рацин“ (Југодрво) – подвозник – улица „Антон Попов„ – улица „Димо ХаџиДимов“ и продолжува по својата траса. Во обратната насока по истата траса.
Линии со непроменета траса:
а) Градски линии: 2, 2А, 12, 45 и 65В.