СОНК реагира на неисполнувањето на договорот за зголемување на платите во високото образование

Од:

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) денеска изрази незадоволство од институциите на системот, кои на директен или индиректен начин влијаеле врз неисполнување на договорот за зголемување на платите за 10 проценти во високообразовните институции, почнувајќи од јануарската плата.

Непобитен е фактот дека Министерството за образование и наука требаше да го реализира договореното зголемување на платите за 10 проценти од јануари 2020 година.

Доколку ова договорено зголемување не можело да се реализира заради законски или други пречки, МОН требаше најпрво да разговара и изнајде решение заедно со СОНК, како договарач со МОН, но, пред се и заради докажаната репрезентативност на национално ниво, во дејноста образование.

Спротивно на ова, МОН бараше „решение” со ректорите на државните универзитети, при што изнајдоа „соломонско” решение во рамките на универзитетите да иницираат формирање на нов универзитетски синдикат, којшто би бил репрезентативен.

Со тоа, би можеле да потпишат колективен договор на ниво на работодавач, кој би содржел еден член, а тоа би било само за зголемување на платите од 10 проценти, наведува СОНК во соопштението.

Според Синдикатот, ова е недозволиво и создава дополнително нови проблеми односно отвара можност работодавачите кога сакаат и како сакаат да може да формираат синдикални организации, а кога ќе нема потреба да ги згаснат.

Ваквите дејствија, сметаат од СОНК, се спротивни на националното зкаонодавство и на меѓународните конвенции.

Нереализирањето на веќе најавеното зголемување на платите, веат од СОНК, го нарушува одличниот партнерски однос кој досега го имале со ресорното Министерство.

Денес, како што наведуваат, се соочени со неизвеноста од носењето на законското решение со кое треба да се овозможи ветеното зголемување поради распуштањето на Парламентот.

Би можело да ве интересира

МОН: Наставата наместо во саботи ќе се надомести во работни денови

МОН не го послуша Советот на Општина Велес: Скрати македонска паралелка во гимназијата

Орце Костов

До крај на година ќе се учи секоја сабота: Неработните денови за учениците преку ноќ станаа работни

Орце Костов

Советот на СОНК на вонредна седница одлучи в понеделник да протестира пред Министерството за култура

Неделков: СОНК нема да дозволи исплата на плата спротивно на Колективниот договор за култура

Катерина Ѓуровски

МОН: Не укинуваме паралелка на македонски јазик во велешката гимназија

Орце Костов