„Соништата се претворија во пепел“, ученици и наставници се простија од загинатите деца во автубуската трагедија

Од:

Стотици деца и наставници од училиштето „Исмаил Ќемали“ во Чаир, со цвеќиња и транспаренти им оддадоа последна почит на загинатите во автобуската несреќа во Бугарија, меѓу кои се и нивни ученици односно другари. Тие заедно на плоштадот „Скендербег“ изразија сочувство во семејствата и роднините. Метуш Мемети, наставник од училиштето, кажа дека ги посетиле и семејствата. Глетката била страотна.

„Ние сме од школото ‘Исмаил Ќемали’, деветолетка. Со околу илјада деца, со наставници и наставнички излеговме да одаддеме почит. Имаме 45-46 починати, а пет деца се од нашето школо. Две деца се деветто одделение, едно дете е осмо одделение, едно е шесто одделение и едно мало девојче беше второ одделение. Пред час и половина бевме кај фамилијата, тие не примија. Сите плачеа, што е нормално. Тоа што се случи, дај Боже да помине само со плачење. Сите деца ги знаевме, беа многу интелигентни. Сакаа да прошетаат во Истанбул, но се случи тоа што се случи“, кажа Метуш Мемети, наставник во училиштето.

На транспарентите кои ги оставија на плоштадот, пишуваше: „Чувајте ги со нашите спомени со вас“, „Бог да ве благослови“, Секогаш во нашите срца“, „Соништата се претворија во пепел“, „Ќе ни недостигате“.

Би можело да ве интересира

Европратеникот Илхан Ќучук го посети ОУ „Исмаил Ќемали” во Чаир

Ана Ололовска

Филипче: Двајцата пациенти се стабилни, хоспитализирани на Пластична хирургија

Ана Ололовска

Бугарска министерка: Пожарот во македонскиот автобус е многу чуден, почнал многу брзо

Ана Ололовска

Двајца од повредените во автобуската несреќа денеска се транспортираат во Македонија

Мери Јордановска

ДНК-анализите, изјавите од сведоците и документацијата за автобусот се предадени на бугарското обвинителство

Мери Јордановска

Османи за бугарската НОВА: Тоа што се случи покажува дека сме најблиски соседи, блиски пријатели и можеме да си помагаме и во добро и во лошо

Ана Ололовска