Сончево со утринска магла, од утре дожд

Од:

Времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб ветер од југозападен правец. По одделни котлини ќе има утринска магла, а веќе во вечерните часови се очекува зголемување на облачноста.

Температурата ќе се движи од 10 до 18 степени.

Во Скопје слично време со слаб југозападен ветер и температура до 15 степени.

Од сабота следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет, а ќе дува и умерен претежно јужен ветер. Пообилни врнежи се очекуваат ноќта од сабота кон недела. Од вторник веќе ветерот ќе биде северен, а дневната темпертура ќе опадне за неколку степени. Ќе има и пообилни врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места во западните и северните делови ќе има услови за врнежи од снег.

Би можело да ве интересира

На 25 октомври почнува зимското сметање на времето – стрелките на часовникот се поместуваат еден час назад

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он