Сончево со умерена облачност, попладне нестабилно со локален пороен дожд

Од:

Времето во земјава ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб западен, а во источните делови умерен северозападен ветер. Попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во западните делови. Утринската температура ќе се движи од шест до 14 степени, а дневната температура од 14 до 26 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб умерен северозападен ветер. Попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи.

Утринската температура ќе достигне до 11, а дневната температура до 23 степени.

Во сабота ќе настапи преодно стабилизирање на времето, а во недела попладне повторно ќе има локални врнежи од дожд и ретки грмежи. Поинтензивни процеси се очекуваат во понеделник и вторник, кога врнежите ќе бидат пообилни, на места поројни проследени со грмежи, засилен ветер и услови за појава на град.

Би можело да ве интересира

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски

Утре променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Ана Ололовска