Сончево со мала до умерена облачност, температури од -14 до 3 степени

Од:

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен северозападен ветер, најизразен во долниот тек на Поварадарието.

Утринската температура ќе се движи од минус 14 до минус шест, а дневната од минус пет до три степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до минус 10, а дневната ќе достигне до минус два степена.

За време на викендот ќе биде стабилно и суво со ниски утрински температури и со услови за магла по котлините, особено во недела. Во недела попладне облачноста ќе се зголемува, а во понеделник во текот на денот ќе има нови врнежи од снег со слаб до умерен интензитет. Во вторник ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Би можело да ве интересира

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски

Утре променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Ана Ололовска