Сончево и топло, утринска магла по котлините

Од:

Времето во Македонија ќе биде стабилно и релативно топло, со услови за утринска магла по одделни котлини. Утринската температура ќе се движи од минус три до три, а дневната од 14 до 22 степена.

Во Скопје времето ќе биде сончево со утринска магла во претпладневните часови. Утринската температура ќе се спушти до минус два, а дневната ќе се искачи до 16 степени.

Значителна промена на времето се очекува во четврток кога ќе има заладување со засилен северен ветер и врнежи од дожд, а на некои повисоки места и на планините врнежите ќе бидат од снег.

Во петок и за време на викендот повторно се очекува стабилизација со претежно сончево време.

Би можело да ве интересира

На 25 октомври почнува зимското сметање на времето – стрелките на часовникот се поместуваат еден час назад

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он