Сончево и топло со температури до 27 степени

Од:

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во северните делови ќе има услови за краткотрајна изолирана нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 23 до 27 степени.

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб претежно југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне 26 степени.

Следува период на посончево време со повремено зголемена попладневна облачност проследена со услови за изолирана нестабилност, краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе се одржува потопло со температури кои од денеска на повеќе места ќе надминуваат 25 степени.

Би можело да ве интересира

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски

Утре променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Ана Ололовска