Сончево и топло со мала до умерена облачност

Од:

Времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Попладне, претежно во северните делови ќе има локална појава на нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 23, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени. УВ=9.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 22, а максималната ќе достигне 37 степени.

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса од утре попладне до вторник ќе преовладува променливо облачно време, наместа со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме, со пообилен пороен дожд, чести електрични празнења, силен ветер (над 60 км/час) и услови за појава на град. Температурата од утре ќе биде во постепено опаѓање.

Би можело да ве интересира

На 25 октомври почнува зимското сметање на времето – стрелките на часовникот се поместуваат еден час назад

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он