Сончево и многу топло, температурата до 36 степени

Од:

Времето во Северна Република Македонија ќе биде сончево и многу топло за овој период од годината. Поради високите температури вдолж Повардарието ќе биде активиран жолт метеоаларм.

Утринската температура ќе се движи помеѓу шест и 14, а дневната од 28 до 36 степени.

Во Скопје, сончево и многу топло. Утринската температура ќе се спушти до 12, а дневната ќе се искачи до 34 степени.

Во среда попладне ќе настапи значителна промена на временската состојба проследена со засилен ветер и опаѓање на температурата во северните делови. Во југоисточните делови се уште ќе биде активиран жолт метеоаларм за високи температури.

Во четврток ќе преовладува променливо облачно и свежо време со повремени врнежи од дожд. Потоа во следните денови времето ќе биде стабилно со ниски утрински и дневни температури. Засилен северен ветер ќе дува и во петок.

Би можело да ве интересира

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски

Утре променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Ана Ололовска