Солидарност со дописниците!

Од:

„Соочени со се потешката ситуација во која се наоѓаат нашите колеги, новинари, фоторепортери и сниматели кои работат како дописници за медиумските куќи во Македонија, најчесто како хонорарни соработници, ССНМ почнува акција за СОЛИДАРНОСТ СО ДОПИСНИЦИТЕ во период од 15- 21 септемви 2014.

Ги повикуваме сите членови на медиумската заедница да земат учество и да покажат солидарност така што во текот на неделата ќе носат за таа цел специјално изработени машнички  во црвена и бела боја кои можат да се добијат од синдикалните претставници во вашиот медиум или директно во ССНМ.

Со акцијата сакаме да покажеме дека знаеме и не се согласуваме што нашите колеги кои со години работат без какви било обезбедени технички средства, без ограничено работно време, без слободни денови и со најнизок платен труд, се третирани како „новинари од втор ред“ во македонските медиуми кои можат лесно, преку ноќ, да бидат отпуштени без обештетување и без каква и да е законска, но и морална обврска од страна на медиумот за кој работеле со години.

Ве повикуваме да ни се приклучите и заедно со симболично носење на црвено-белите машнички за да алармираме за ситуацијата на нашите колеги која е во спротивност со елементарното човеково право за достоинствена работа“.

Би можело да ве интересира

Промовирана алатка за пријавување онлајн вознемирување врз жени во медиумите

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите

(ВИДЕО) Лавров исфрли новинар од салата: „Ако не го предадете телефонот, ќе го извадат оружјето“

СДСМ: Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите, но во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме

Светски ден на слободата на медиумите: Слободните медиуми се столб на демократијата