Сојузот на средношколци на преговори со Заев

Од:

Претставници на Сојузот на средношколци ќе се сретнат премиерот Зоран Заев. Сојузот вчера прати писмо до Кабинетот на претседателот на Владата со барање за средба за да разговараат за државната матура.

Во писмото до премиерот средношколците побара средба на која ќе ги изнесат нивните две барања за модифицирање на државната матура – намалување на бројот на предмети од четири на два и скратени наставни програми.

– Се надеваме дека сте информирани за ситуацијата околу државната матура и преку медиумите и преку официјалните канали на комуникација. Исто така, се надеваме дека средбата ќе се одржи што поскоро, бидејќи времето истекува, што значи дека треба брзо да делуваме за да го решиме прашањето, напиша средношколскиот Сојуз во писмото што вчера го упати до Кабинетот на премиерот.

По 12 дена бојкот, дел од матурантите организирани од Сојузот на средношколци вчера се вратија на настава. Сојузот одлучи да го стави во мирување бојкотот, кој почна со второто полугодие и да почека Парламентот да најде решение откако пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ минатиот понеделник поднесе Предлог-закон за измени и дополнување на Законот за средно образоание.

Претседателот на Сојузот Ходаи изјави дека до крајот на февруари ќе ја следаат наставата и ќе чекаат Собранието да го прифати и изгласа нивното барање, а ако тоа не се случи најави дека од 1 март ќе кампуваат пред Министерството за образование и наука.

Би можело да ве интересира

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски

Груевски: “Кo o чему, Заев и Филипче о поштењу“

(ВИДЕО) Aндоновска: Заев, Филипче и Николовски, дозволиле 2.000 тони пченица и јачмен од државните резерви да заврши на црниот пазар

Горан Наумовски

Манасиевски: Фирми блиски до Заеви како подизведувачи на Марковски компани, инкасирале милионски суми од ископ на јаглен

Петрушевски: Филипче да каже дали Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер и една шема за купување на две големи фирми од кои едната телевизија

ВМРО-ДПМНЕ: Потпишувањето на бугарскиот договор не е политичка волја туку финансиски интерес на Заев